Оваа девојка до толку стравувала од навредите и малтретирањата, што на крај го сменила училиштето со надеж дека во новата средина подобро ќе се снајде. Кога видела дека и во новото училиште ја чека истото сценарио, по договор со мајка ѝ почнала да се школува од дома.Ребека Хемсли има 23 години и живее во Нотингем, во Велика Британија. Како и многу други деца и таа била жртва на насилство.
-Децата ме малтретираа до тој степен, што дури и сега ми навираат солзи кога ќе ми текне на тоа. Одењето на училиште ми беше кошмар, наведува Ребека за медиумите, додавајќи дека врсниците најчесто ја нарекувале „грдотија“.
Покрај тоа, тие ѝ зборувале и дека има „најгрд нос во училиштето“.
Таа до толку стравувала од навреди и малтретирања, што на крај го сменила училиштето со надеж дека ќе се снајде подобро во новата средина.
Кога видела дека и во новото училиште ја чека истото сценарио, таа почнала да се школува од дома.
-Сите ме навредуваа, но направија огромна грешка. Не само што сум модел, туку се натпреварувам и за мис, раскажала оваа девојка.
Сепак, тука не е крајот за нејзините маки. Иако го довела својот живот во ред, Ребека неодамна дознала дека боледува од ендометриоза – тоа е состојба при која ткивото кое обично ја покрива матката, се наоѓа на други невообичаени места во телото. Најчесто, ендометриозата се наоѓа во карличниот дел. Овие израслини може да предизвикаат бројни симптоми како што се болки во карличниот дел и неплодност.
-Иако му ја дијагностицираа оваа страшна болест и трпам секојдневни болки, ништо нема да ме спречи во остварувањето на моите цели. Сакам на сите да им порачам дека, без оглед на тоа што им зборуваат другите – сите се убави на свој начин, заклучува оваа мисица.
Иако луѓето би помислиле дека таа денес има сѐ, неа ја мачи тешка болест. Но, таа не се предава.
Ребека Хемсли има 23 години и живее во Нотингем, во Велика Британија. Како и многу други деца и таа била жртва на насилство.
-Децата ме мал



