Џошуа Кауфман има 87 години. Пред точно 70 години се наоѓал во логорот Дахау во Германија, кога американскиот војник Даниел Зилеспи го ослободил од ужасот на германските злосторства. Седум децении подоцна, старите познаници повторно се сретнале.
Емоциите кои ги преплавиле двајцата старци, чии очи виделе премногу зло и страдање, биле толку силни што скоро можеле да се видат во воздухот.
Кауфман гордо го поздравил својот спасител, воениот ветеран Зилсепи. Средбата на старите познаници ја договорил режисерот Емануел Ростин, кој во склоп на својот документарен филм „Ослободувачите на Дахау“ ставил посебен акцент на оваа приказна.
„Ова сакав да го сторам 70 години. Те сакам. Многу те сакам“, му рекол евреинот Џошуа на Зилеспи, кој го ослободил на 29 април 1945 година.
Во тоа време кауфман бил заробеник присилен на целодневна тешка работа во фабриката за муниција. Неговата мајка и тројцата браќа и сестри биле убиени во Аушвиц.
Кога видов знаме кое не е германско, помислив дека се работи за фатаморгана. Не можев да поверувам дека на мачењето конечно му дојде крај. Срцето ми чукаше како никогаш претходно. По неколкугодишниот пекол конечно здогледав светлост“, сликовито го објаснил моментот на спасување од страна на американските војници Кауфман, кој денес живее во западен Холивуд , каде дочекал пензија работејќи како водоводџија.
Зилеспи својот работен век по војната го поминал работејќи како продавач. Дене е во пензија, и татко на дури осум деца.Седум децении подоцна, старите познаници повторно се сретнале.
Емоциите кои ги преплавиле двајцата старци, чии очи виделе премногу зло 



