Жена од централна Кина е обвината за продажба на своето новороденче, објавија локалните медиуми. Ова е последна вест од серијата на шокантни случаи на продажба на бебиња токму во оваа земја. Имено, 30 годишната жена со презиме Хуанг, наворно соработувала со акушер, кој и помогнал да го продаде машкото бебе за 7.000 долари.
А случајот е откриен уште во август откако бабата на момчето ја предупредила полицијата. Имено, мајката по расправијата со сопругот го напуштила селото и се преселила кај нејзините родители.
А само две недели по породувањето, мајката го известила семејството дека бебето починало, секако тука се разбудил сомнежот кај бабата. Па токму затоа пријавила во полиција.
Полицијата подоцна открила за што станува збор, односно открила дека бебето било продадено. Момчето
За момчето сега се грижи семејството на неговиот татко.
А пак трговијата со деца е долгогодишен проблем во Кина. А традиционална предност имаат синовите односно момчињата кои се особно ценети.
И покрај многуте досегашни случаи се надеваме дека овој лош тренд на продажба на деца наскоро ќе престане!Имено, 30 годишната жена со презиме Хуанг, наворно соработувала со акушер, кој и помогнал да го продаде машкото бебе за 7.



