Гејл Чован нема гради, но затоа има самодоверба. Таа при својата исповед за јавноста, рече дека токму поради тоа луѓето се плашат од неа. Ова е нејзината приказна.„Имам деветгодишни близнаци кои се духовити и волшебни. Мојот син Крид сака да носи мароканска носија во училиште, а ќерка ми Зелда е слепа што се однесува на чувството за стил. Обично велиме дека „Зелда прегрнува бездомници“ бидејќи нема предрасуди кон луѓето и им приоѓа на сите за да се поздрави, раскажува Гејл.Го запознав сопругот со кој минав многу нешта. Мојот рак, децата кои се родени пред време, смртта на моите родители и 11-те операции на мозокот на Зелда. Двете мои деца се родени со токсоплазма, паразит кој влијае на очите и мозокот. Тие имаат цевчиња кои одведуваат течност од мозокот низ вратот, ги имаат и во стомакот, а мојата ќерка има и чести напади. Некое цевче ќе се помести, ќе ѝ се инфицира ткивото, па повторно дренажи. Просто на човек му доаѓа да се запраша „Зошто секогаш ние?“.Потоа, некој ќе ми каже „Бог ти дава онолку колку што можеш да поднесеш“, а јас ќе го опцујам бидејќи ова навистина е премногу…
Најранливо се чувствувам кога сопругот Еван и јас ќе се скараме, бидејќи тогаш како капак на сè ми се чини дека не сум сакана. Се чувствувам убаво покрај своите деца.Одлучив дека не сакам реконструкција по отстранувањето на градите. Тоа беше победа на мојата самодоверба над несигурноста. Додека растев, ниту јас, ниту мојата мајка, па ниту моите сестри немавме големи гради. Мојата мајка ме советуваше да носам градник со сунѓери за да делувам поженствено, но јас секогаш ѝ одговарав дека се чувствувам женствено и без тој детаљ. Кога дојде денот да ми ги отстранат градите, само помислив – па, отстранете ги. Ова сум јас, а чувството е одлично. Лузните болат, а некогаш дури како ги чувствувам брадавиците кои повеќе ги нема. Но, добро сум.Немам јајници, немам гради, но имам цело ново поглавје кое сама го менувам.“
„Имам деветгодишни близнаци кои се духовити и волшебни. Мојот син Крид сака да носи мароканска носија во училиште, а ќерка ми Зелда е слепа ш


