Морав да проговорам: Зошто е важно жените да зборуваат за своите абортуси?

Кога Дебора Хоусер имала 37 години и бебе старо 6 месеци, нејзиниот сопруг отишол на работа и не се вратил дома. Таа не знаела каде е тој, ниту пак што се случува со нивниот брак. Шест недели подоцна дознала дека повторно е бремена. Затоа одлучила да абортира.Знаев дека нема да можам да донесам уште едно дете во толку хаотичен момент. Мојот приоритет беше мојот син“, вели Дебора.
Дебора нашла клиника во близина и абортирала. Веднаш знаела дека ќе го стори тоа. И никогаш никому не му кажала за тоа.
„Ми беше срам. Како можев да се доведам во ваква ситуација? Како јас како компетентна и интелигентна личност со работа со полно работно време завршив овде? Долго време не спомнував ништо за тоа“.
Пред четири години, Дебора (која сега е во 50-те  години) ја споделила својата приказна. На состанокот со групата „Advocates For Youth“, чиј извршен директор и претседател е таа, жените зборувале за своето искуство со абортусот и така ја наговориле и нејзе да проговори.
„Кога сега размислувам за тоа време, не се чувствував како да носам голем товар. Но, кога ја раскажав својата приказна, тие жени се чувствуваа подобро, па така и јас се чувствував добро“, вели таа.
Од 2012 година до денес, нејзината група била дел од проектот кој се фокусирал на стигмата која постои околу абортусот и кој ги поттикнува жените да ги споделат своите лични искуства. А секоја трета жена доживува абортус до 45-та година. Оваа компанија им овозможува на жените ширум светот да ги споделат своите приказни на интернет и на случувањата ширум Америка. На сајтот „1 in 3 campaign“ се наоѓаат 551 запишани и снимени исповеди.

Имав 21 година кога открив дека очекувам трето дете, кое ми го направи мојот насилен сопруг, алкохоличар кој ментално и физички ме малтретираше. Кога го уапсија затоа што ме тепаше, конечно собрав храброст да го оставам, и тогаш останав сама со две деца, без работа. Знаев дека во таква ситуација не треба да доведам и трето дете и веднаш да му го уништам животот“, гласи една од приказните.

Проектот кој ги поттикнува жените да зборуваат  за своето искуство се темели на идејата дека стигмата околу абортусот ќе се намали кога ќе се знае повеќе за него, од личното искуство на оние  кои се одлучиле на таквиот чекор.
„Луѓето кои ја раскажуваат својата приказна само на најблиските добиваат поддршка само од нив и тие луѓе стануваат заговорници на абортусот а оние кои се против абортусот немаат прилика да ги слушнат ваквите приказни и затоа треба јавно да се проговори“, вели Сара од њујоршкиот оддел за социологија.Знаев дека нема да можам да донесам уште едно дете во толку хаотичен момент. Мојот приоритет беше мојот син“, вели Дебора.
Дебора наш

Пронајдете не на следниве мрежи: