Како да одгледате лимоново дрво од семка во вашиот дом!

Цитрусното семејство се состои од растенија со светло зелени, мирисни лисја кои под добри услови можат да произведат силно миризливи цветови и овошје, дури и кога растат во затворен простор. Купувањето на растенија може да иде скапо, но со трпение може да се забавувате одгледувајќи свои растенија од семка.Како што веќе знаете лимонот може да се користи на многу начини, сеедно дали го пиете со вода или пак ја користите лушпата, добро е да ја заемете во предвид идејата да насадите свое лимоново дрво па така да имате линон во секое време.
Пред се многу е важно да купите органски произведен лимон за да можете да ги искористите семките од него. Извадете го семето од зрел лимон, измијте ги и веднаш засадете ги во мала саксија полна со навлажнета квалитетна почва.
Саксиите ставете ги во тацна и секогаш кога ќе се исуши почвата, додадете вода во тацната. За да го забрзате растењето, ставете пластична кеса над саксијата  за да се создаде влажна средина за семето.
Ставете ги саксиите помеѓу другите растенија во домот и наводнувајте ги во исто време, иако ви изгледа дека ништо не се случува. Семето би требало да почне да рти за две до три недели под пластичната кеса. Доколку не ставите кеса, ртењето  може да потрае пет до шест недели.
Откако ќе  изрти саксијата ставете ја покрај сончев прозорец.
Откако саксијата ќе се наполни со корени, пресадете го растението. Дадете им што повеќе светлина на цитрусните растенија, а кога е топло времето изнесете ги надвор.
Со оглед на соодветните услови, вклучувајќи ја доволната количина на светлина и вода, доволно голема саксија и ѓубриво, овие растенија можат да достигнат висина и од 10 метри.Како што веќе знаете лимонот може да се користи на многу начини, сеедно дали го пиете со вода или пак ја користите лушпата, добро е да ја заемете в

Пронајдете не на следниве мрежи: