КАКО ЛИ УСПЕАЛА?-Преку Фејсбук до вистинско работно царство!

Ријечанката Дијана Ќузела (25) најпрвин својата шеќерна паста за депилација ја продавала преку Фејсбук а сега ја извезува во девет земји!По примерот на древните рецепти на Клеопатра, Ријечанката Дијана Ќузела (25)направила производ  од кој сега таа и девет вработени живеат од него.
Првиот договор го потпишала кога имала 21 година а следејќи ја работната визија, за четири години таа изградила мало шеќерно работно царство а истите производи денес ги извезува во девет европски земји и на рускиот пазар.
Како средношколка експериментирала со шеќерната паста за депилација и еве до што ја довело тоа…
Но она што било добро за Клеопатра не било доволно за оваа млада девојка па таа решила да ја подобри пастата и да додаде малку невен и алое вера. Имала производ кој ветува, а потоа со текот на студирањето во Загребскиот факултет за економија наместо како своите колеги студенти да продава фиктивен производ таа решила да ја лансира својата шеќерна паста за депилација.
Таа ја основала компанијата „Luxury Cosmetics d.o.o.“ која потоа и овозможила излез и на странскиот пазар. Веќе на 21 година имала потпишано договор со две веледрогерии. И тоа се го постигнала потполно сама. На интернет истражувала пазари и барала менаџери кои се занимаваат со производи за нега. Им пратила милион мејлови и примила дури 10 одбивања.

Но ете, упорноста и се исплатила бидејќи започнале да и пристигнуваат понуди со кои таа денес извезува за европскиот пазар. Во ширењето на целата работа и помогнал доста и Фејсбук преку кој ги направила првите почетнички чекори.
Продажбата и расте од ден за ден
Малдата Ријечанка денес работи со големи дрогеријсли ланци, со лекари и дистрибутери за козметичка опрема. На месец, а во сезона и на недела испорачува по неколку стотици производи.
Со помош на ЕУ фондовите до поголемо производство
„На почетокот пастата ја правев рачно но поради големата побарувачка прејдов на делот со автоматско производство .
Планирам да се свртам кон ЕУ фондовите и потполно да го автоматизирам производството и да тргнам кон други иновативни козметички производи- кажува амбициозната Ријечанка.“
4 чекори за зближување со купувачите на Фејсбук
-Брзо одговарање на прашањата на фановите
-Давајте корисни, едукативни совети за своите производи
-Насловната и профилната фотографија мораат да изгледаат професионално бидејќи сето тоа могу влијае во довербата на купувачите
-Ставајте најмногу до две објави на ден за да не делувате преагресивноПо примерот на древните рецепти на Клеопатра, Ријечанката Дијана Ќузела (25)направила производ  од кој сега таа и девет вработени живеат од не

Пронајдете не на следниве мрежи: