Хирург од Москва е вистински херој, а цела Русија му се восхитува на храбриот потег. Михаил Абросимов (34), скокнал од седми кат за да го спаси својот четиригодишен син од станот во кој избил пожар.Михаил и неговото семејство биле во своите кревети кога среде ноќ во нивниот дом избил пожар, предизвикан од неисправните светилки од новогодишната елка, пренесува „Раша тудеј“.
Тој се разбудил прв и се обидел да го изгасне огнот. Но, откако не успеал во тоа, тој ја одвел својата жена Екатерина до скалилата на зградата и ја испратил кон излезот, а потоа се вратил по нивниот син Арсениј кој од страв се сокрил во станот. Кога го пронашол, огнената стихија го зафатила целиот стан, оневозможувајќи да излезе од вратата.
Михаил сфатил дека нема друг избор освен да скокне од прозорец од седмиот кат на зградата. При падот, тој го искористил својот горен дел од телото како воздушна перница за да го заштити синот.
Михаил и Арсениј паднале на тревникот пред зградата и во таа прилика се здобиле со тешки повреди, а докторите велат дека двајцата ќе преживеат. Таткото се наоѓа во тешка, но стабилна состојба и ќе му бидат потребни бројни операции за да закрепне.
Пожарникарите од опожарената зграда евакуаирале повеќе до 20 луѓе. Неколку семејства биле хоспитализирани, а две жени починале од труење со јаглерод моноксид.
Приказната за таткото херој се прочула во Русија, а многу луѓе му ја нудат својата помош на семејството Абросимов, восхитувајќи се на храброста на таткото.Михаил и неговото семејство биле во своите кревети кога среде ноќ во нивниот дом избил пожар, предизвикан од неисправните светилки од новогодишната



