Една њујоршка проститутка, која стои зад прекарот Ејприл Адамс ѝ напишала писмо на сопругата на нејзиниот клиент, во кое дава совети како да си го зачува бракот. Писмото беше објавено во американскиот „Vice“.„Драга сопруго,
Не те познавам, но знај дека постои можност твојот сопруг да те изневери со сексуална работничка. Го велам тоа зашто јас се занимавам со таа работа и не ми недостасуваат клиенти. Но, не твојот сопруг, велиш! Другите сопрузи да, но вашата врска, вашиот сексуален живот – тоа е нешто сосема друго. Имавте секс во тројка со твојата цимерка од факултет пред 10 години. Изнајмувате дадилка, па секој август одите во Лас Вегас. Имате некоја посебна приказна со маратоните од „Закон и Ред“. Имате фантастичен брак.
Да те прашам: Кога последен пат сте имале секс три пати неделно? Кога тој последен пат ти се пожалил на нешто? Зарем не мислиш дека е можно поради тоа тој да одлучи проблемот да го тргне од твоите раце и да го стави во моите?
Добра вест е што твојот сопруг се гледа со мене, бидејќи тоа значи дека сака да остане во брак. Замисли наместо мене, тоа да биде дадилката, сосетката, твојата најдобра пријателка. Би можела да продолжам, но јасно ти е на што мислам. Јас сум професионалка.
Дискретна сум, но и конкретна: моето време, внимание и сексуалноста се мерат во часови, а после нив тој е твој. И она најважното – јас не го сакам твојот сопруг, ниту пак некогаш ќе го сакам. Прилично е неверојатно кон него да чувствувам нешто повеќе отколку кон омилениот келнер. Никогаш нема да бидам закана за твојот брак, затоа што кога работам не сакам да имам врска со ниеден од вас. Ако од него дознаеш што ти прави зад грб, тогаш тој е глупав или ти е многу лут.
Мажите знаат дека мојата желба кон нив зависи од нивната желба да ми даваат пари. Не замислувај дека гледа телевизија со тебе и децата, а потоа бега во мојата хотелска соба во која со љубов ќе го изговара моето име. Јас сум надвор од вашите животи. Јас сум работник. Колку и да размислува за мене сексуално, неговите емоции нема да бидат присутни во она што го работиме заедно. Ако постои и најмала можност работите да се искомплицираат од негова страна, тогаш секогаш постои една сигурна работа: јас чинам пари.
Но, што е со болестите? И покрај она што го гледаш во филмовите, повеќето сексуални работнички денес се поздрави, отколку просечна службеничка.
Можеби сѐ уште не сакаш да спие со мене, па повторно ќе те прашам: Кога последен пат сте имале секс три пати неделно?
Не велам дека твоја должност е да го направиш среќен. Велам дека можеби ти не сакаш толку често да спиеш со него. Вработена си или под стрес, или пак тој веќе не те привлекува. Но, треба да знаеш дека мене тој не ме привлекува. Во тоа е поентата. Јас сум тајна состојка за многу среќни бракови, затоа што кога тој е со мене, двајцата добивате секс колку што сакате. Ако го оставиш неговиот телефон на мира, можеби и ќе стигнете да прославите 50 годишнина од бракот. Повели и друг пат“.„Драга сопруго,
Не те познавам, но знај дека постои можност твојот сопруг да те изневери со сексуална работничка. Го велам тоа зашто



