Седум дена Ник Хоџес поминал во болница покрај својот 10- месечен син, набљудувајќи како докторите прават силни тестови на неговото дете. Секој пат тој и неговата жена Дона биле соочени со чекање. Но не било прашање дали нивниот син ќе преживее. Тие се надевале дека тој ќе може да спаси некои други деца.Боди веќе ја изгубил својата битка за животот.
Машините го одржувале неговото срце во живот. Единствениот добар исход од оваа приказна е тоа што Ник и Дона сакале да ги даруваат органите на својот син.
За многу родители би било проблем само да го замислат тоа. Но овој пар бил среќен што нивниот син е погоден да ги донира органите.
Родителите биле свесни за фактот дека можат да им помогнат на други деца, иако нивниот Боди ја немал таа шанса.
„Боди остави трага, каква некои луѓе не можат за цел живот. Тој не само што спаси четири деца туку и нивните деца во иднина“, вели Ник.
На Ник и Дона им се скршило срцето кога откриле дека нивниот син не може да преживее. Тој имал само 10 месеци кога почнал да се гуши. Кога неговото срце застанало, докторите рекле дека има мали шанси да преживее.
Боди се борел пет дена да остане во живот но потоа неговите витални функции ослабеле и морале да го одржуваат на апарти. Така Боди им рекол дека се откажува. Тогаш решиле да ги донираат неговите органи.
„И двајцата веднаш почувствувавме дека дека доколку не може да биде спасен, можеби некои други бебиња можат да бидат спасени. Така би спречиле други родители да бидат во ситуација во која се наоѓавме ние тогаш. Таа болка не може да се пречи“, рекол Ник.
Тестовите потврдиле дека мозокот на Боди повеќе не е во функција и дека само машините го одржуваат неговото срце во живот.
„Докторите мораа да направат многу анализи пред да се одобри неговите органи да бидат донирани. Мислевме дека тоа ќе трае неколку дена, но траеше недела дена. Беше тешко но моравме да се фокусираме на широк поглед на работите“, вели Ник.
Црниот дроб на Боди бил во лоша состојба, но почнал самиот да се обновува.
„Дел од мене мислеше дека тој е свесен. Како да мислел дека ова е негова трага, ќе се бори да помогне некому. Му говорев дека сум покрај него, за да му помогнам да издржи уште малку“.
Кога им соопштиле дека е време, родителите гледале како го носат Боди во сала каде неговите органи ќе бидат отстранети. Сестрите биле покрај малиот ангел.
„Му кажав збогум безброј пати. Кога го вратија од сала, изгледаше како ангел“, вели Ник.
Ник и Дона знаеле колку деца ќе спаси Боди. По година дена примиле писмо од родителите чија ќерка го добила црниот дроб на Боди.
Таа била стара три месеци и само неколку часа одалечена од смртта, кога Боди ја спасил.
„Имаше многу среќа, исто како и тага за моето момче. Никој не сака да дискутира за тоа што би било кога би било… драго ми е што нешто добро испадна од нешто толку ужасно“, вели таткото.Боди веќе ја изгубил својата битка за животот.
Машините го одржувале неговото срце во живот. Единствениот добар исход од оваа приказна е то



