Најмил приватен детектив и открил дека сопругата го изневерува, а потоа својата мака…

Маж кој открил дека сопругата го изневерува  одлучил да ја сподели својата приказна на Редит. Кога во телефонот на својата сопруга ги открил пораките од друг маж, се доверил на интернет и ја споделил својата мака со пријателите. Потоа најмил приватен детектив и продолжил да ги известува читателите за неверството на сопругатаПриказната на анонимен блогер, со име MyLifeSuxNow, започнала минатиот петок кога тој пронашол порака на телефонот на својата жена.
„Сопругата ме изневерува, а како доказ имам пораки од нејзиниот телефон, иако таа се уште не знае  дека знам“, пишува во првиот пост.
Тој и неговата сопруга Џени се во брак веќе осум години.
„наидов на фотографии на кои и двајцата се голи, а открив де главно се допишувале помеѓу 1 и 4 часот наутро (додека спиев), па затоа знам дека сепак сакала да го сокрие тоа од мене. Таа ме изневерува. Тие двајца разговараат за позите кои сакаат да ги пробаат и планираат да се видат овој викенд. Таа не знае дека ѝ го прегледав телефонот. Сега не знам што да правам. Иако немавме големи проблеми, таа ме изневерува“, пишува тој.
Шокиран од ситуацијата во која се нашол, тој ги прашал корисниците на Редит што да прави.
„Да ѝ кажам дека знам? Или едноставно само да заминам од куќата и да поднесам барање за развод? Јас ја сакам. Ги фотографирав пораките и ги пратив кај себе на меил. Се чувствувам како некој да ми пукал во стомак“, вели тој.
Кога неговата сопруга се вратила дома, тој се преправал дека се е во ред.
„Тешко ми е да зборувам нормално со нејзе, но некако успевам. Без секс. А пронајдов и три добри адвокати за развод. Моментално е во бањата и повторно се допишува. Сигурно повторно разменуваат фотографии еден со друг. Ме боли многу“, пишува тој.

Потоа одлучил да најми приватен детектив да ја следи и да го известува што прави.
„Се нашле пред неговиот стан, се бакнале пред него и влегле внатре. Тој се вика Зек. Неверството е потврдено. Приватниот детектив сега ги следи. Редовно ме известува, а јас сум без зборови“.
Како што него го известувал детективот така тој ги известувал членовите на Редит.
„Сега одмараат на тераса, разговараат и се држат за рака… сега излегле од дома… отишле во трговскиот центар  а сега Џени пратила порака ‘Здраво душо, сака да гледаме вечер филм? Ти одбираш“, напишал тој.

Дури 15.000 корисници го советувале што да прави понатаму.
Потоа се соочил со сопругата.
„Не помина добро. Викање, бес, тага, плачење, објаснување, препирање“, напишал тогаш.
Последен пат се огласил на 18. Јануари
„Голем дел од мојот живот се распаѓа. Но ќе најдам начин да се изборам. Јас тоа го можам. Ќе пишам штом можам“, гласи неговата последна порака.Приказната на анонимен блогер, со име MyLifeSuxNow, започнала минатиот петок кога тој пронашол порака на телефонот на својата жена.

Пронајдете не на следниве мрежи: