Ова не се внук и баба: Ова е приказна која ќе ве шокира!

Храбра, способна, одважна. Таа не дозволила мајчинството да ѝ биде  ограничено со годините. Се осмелила да роди дете, дури и кога влегла во осмата деценија од животот.За Омкари Синг (76) од Индија  грижата за шестгодишното момче знае да биде напорна. Таа својот син Амритван го родила на 70 години и тогаш била прогласена за најстара родилка на светот. Носела близнаци, но сестрата на Амритван, Барасат починала само еден час по раѓањето.

Омкари често добива комплименти дека има убав внук. Како што вели, навикнала и со насмевка секогаш објаснува дека тоа всушност е нејзин син.
Кога во 2007 се одлучила за вештачко оплодување многумина се воодушевиле. Година дена подоцна, Омкари се остварила како мајка, среќна што на својот сопруг му го подарила долгоочекуваниот син.
Иако се соочила со бројни неодобрувања и критики бидејќи се одлучила така доцна да роди деца, Омкари, како што вели, не се грижела многу поради тоа.

Иако поради годините, често не е во ситуација да го следи Амритван како другите, помлади мајки, Омкари вели дека во ниту ден момент не зажалила, и дека е многу среќна што денес е мајка на 6-годишно момче.

Таа и нејзиниот сопруг имаат голема поддршка во своето село, а соседите често им помагаат околу Амритван. Омкари и Чаран имаат две ќерки и пет внуци, но одсекогаш сакале да имаат машко дете.

„Тоа беше неизбежна одлука. Каква мајка би била доколку немам син? Кој ќе го наследи моето име, семејниот дом?“, објаснува таа.
Свесна дека времето не ѝ е пријател, Омкари се надева дека ќе поживее доволно за да ја види женидбата на својот син.

„Не се грижам што ќе биде по мојата смрт. Имам ќерки а и други роднини кои ќе водат грижа за мојот љубимец, а до тогаш ќе го опсипувам со љубов“, вели насмеаната Омкари.За Омкари Синг (76) од Индија  грижата за шестгодишното момче знае да биде напорна. Таа својот син Амритван го родила на 70 години и тогаш бил

Пронајдете не на следниве мрежи: