Родителите често минуваат низ различни фази со своите деца, но некако делува дека и покрај својот стрес, грижите и неприликите, детските насмевки сепак ја менуваат ситуацијата на позитивна страна. Па, добро. Не се сложуваат баш сите со тоа.Еден корисник на e-Bay на овој сајт објавил оглас во кој продава детска количка која „му го уништила животот“. Неименуваниот татко напишал сурово и многу искрено писмо покрај овој оглас.
„Иако никогаш не сум ни сакал да имам деца, мојата сопруга сепак ја купи оваа количка, и покрај тоа што знаеше какви се моите планопви. Иако тогаш многу се расправавме околу тоа, на крајот сепак бев приморан да попуштам и знаев дека токму таа количка ќе значи крај на мојот безгрижен живот кој го познавав до тогаш.
Ова, секако, значеше дека еден ден сепак ќе имаме деца, и тоа не едно, туку три, а цената на ова „зелено чудо“ ќе ме прогонува до смртта. Купив автомобил кој чинеше помалку од ова чудо.
Како што сфативте до сега, ја мразам. Денес имам три деца, лабрадор и принуден сум да се движам во друштво на мајки кои едноставно уживаат да дискутираат за различни цени во супермаркетите, градинките и слично.
Како и да е, време е овој зелен албатрос да стане туѓа мака.
Оваа количка помина се и сешто: беше полевана со секакви течности, кал и храна, а јас се обидов да ја оддржувам колку што умеев и можев.
Издржа многу поголема тежина од онаа која е назначена, а еднаш ја користеше и кучето (тоа е посебна приказна).
Моите деца сега се доволно големи и одат сами, некои во погрешен правец, но дефинитивно време е некој друг да ја превземе.
Почетната цена за да го уништите својот живот, како што го сторив тоа јас, е стравични 9,99 фунти, а јас добиените пари ќе ги користам за успешно да закрепнам од своите деца.
Трошете ги мудро своите пари и знајте дека се оди во добротворни цели“
Иако почетната цена на оваа количка била 9.99 фунти, сега истата стигнала и до 154 илјади фунти, а лицитацијата ќе трае уште осум дена.Еден корисник на e-Bay на овој сајт објавил оглас во кој продава детска количка која „му го уништила животот“. Неименуваниот татко напи



