А зошто најбрзи … затоа што тие се прават за час… нема потреба да се чека за пецивото дда нарасне или било што друго …. само сите состојки замешајте ги и веднаш правите кифли … Ќе добиете убави меки и вкусни кифлички. ..можете да ги филувате – полните по вкус …. знам дека има многу, многу рецепти за кифли…. па можеби некој ќе сака да ги проба и овие брзи најбрзи кифли … Мора да ги пробате….Состојки
600g меко брашно
200мл јогурт или кисело млеко
200мл млеко
100мл масло
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер
1 вреќичка прашок за пециво
1 сув квасец
Премачкување:
1 жолчка
сусам
фил по вкус
Подготовка:
Замлачете го млекото ставете го сувиот квасец и шеќерот па потоа останатите состојки и добро измешајте го тестото со рацете. Ќе добиете тврдо тесто погодно за работа.
Поделете го тестото на два дела и расукајте кори со сукало во круг,а потоа исечете триаголници, помали или поголеми по ваша желба. Така направете и со другата кора.
Ако сте љубители на празни или пополнети по своја волја ….Четкајте ги со жолчка од јајце и посипете ги со сусам
Се печеат во загреана рерна на 180° за околу 20 минути.Состојки
600g меко брашно
200мл јогурт или кисело млеко
200мл млеко
100мл масло
1 лажичка



