Куркумата е зачин кој доаѓа од коренот на растението „куркума лонга“, кое најдобро успева во Индија, на Карипските Острови. Се смета дека овој зачин лекува дури 600 болести. За лековитити својства на овој зачин се објавени над 160 научни трудови, кои ги покажуваат неговите антиканцерогени дејства.Главна состојка на овој зачин е куркуминот, поради кој и зачинот има силножолта боја.
Тој содржи и витамин Б6, Б3, фолна киселина и минерали. Докажано е дека куркумата се препорачува како терапија против дијабетесот.
Имено, во овој зачин е пронајдена една досега неоткриена молекула наречена CNB-001, која има неверојатна моќ врз мозокот, но и во закрепнувањето на раните на човековото тело. Како една од најважните својства на куркумата сепак се наведува нејзиното разновидно антиканцерогено својство, а особено во лекувањето на ракот на јајниците и ракот на дојката.
Лековитите моќи на куркумата помагаат при превенција на рак на дебело црево и простата, но и помагаат при лекување на леукемија, особено кај децата. За овој зачин се верува дека е еден од најмоќните природни лекови.
Куркумата веќе со илјадници години има важна улога во индиската кујна и кујните од Јужна Азија, а по сознанијата за бројните поволни дејства на здравјето, е сѐ поприсутен и во кујните низ целиот свет.
Куркуминот за прв пат бил изолиран пред два века, а структурата му била одредена во 1910 година. Уште од времето на Ајурведа (1900 г. п.н.е) на куркумата ѝ биле препишувани бројни тераписки дејства на цела низа болести.
Научните истражувања од последните 50 години. само ги потврдиле неговите позитивни својства и докажале дека е вистинско чудо на природата. Неговото силно антиоксидативно, антивоспалително, антивирусно, антибактериско, антимикотичко и антиканцерогено дејство, го прави делотворна терапија и превенција на малигни болести, дијабетес, алергии, артритис, Алцхајмерова болест и други хронични заболувања.
Ова се 15 добри причини за да ја вметнете куркумата во секојдневното мени:
-поседува антисептички и антибактериски својства, корисна е за дезинфекција на рани и изгореници;
-одлична во превенција од рак на простата, кај постоечкиот го спречува понатамошниот развој;
-го спречува растот на ракот на дојката;
-куркумата е природна превенција од меланом: кај постоечкиот ги убива клетките на ракот и го спречува неговиот понатамошен развој;
-го намалува ризикот од детска леукемија;
-го чисти црниот дроб на природен начин;
-може да го забави или спречи развојот на Алцхајмерова болест (ги уништува наталожените амилоидози во мозокот);
-спречува раст на метастази кај многу видови рак;
-природен лек против болки;
-го регулира метаболизмот и потпомага во слабеењето;
-во Кина одамна се користи како лек против депресија;
-лек против артритис и ревма;
-штити од рак на штитната жлезда;
-го забрзува зараснувањето на раните и брзо ја обновува повредената кожа;
-помага во лекувањето на псоријаза и други воспалителни болести на кожата.Главна состојка на овој зачин е куркуминот, поради кој и зачинот има силножолта боја.
Тој содржи и витамин Б6, Б3,



