Недоволната количина на сон наскоро би можело да стане глобална епидемија, а сите оние кои страдаат од несоница многу добро знаат колку недостатокот на сон го намалива квалитетот на животот и продуктивноста.И не само тоа, туку недостатокот на сон се повеќе е поврзан со несреќите на работа и улица и со појавата на хронични болести како што се високиот притисок и дијабетес.
Користењето на лекарства со или без рецепти никако не е вистинскиот пат. Подобро е да конзумирате некакви намирници кои можат да помогнат во остварување на квалитетен сон и да го зголемат вкупниот квалитет на животот.
Првата намирница е сок од вишни кој поради хормонот мелатонин кој го содржи и амино киселината триптофан може да направи чудо за вашиот сон.
Доколку вашето тело страда од ниско количество на магнезиум што доведува и до полош квалитет на сон, научниците препорачуваат конзумација на бадеми. Освен што ќе го подобрите квалитетот на сонот, со конзумација на бадемите ќе ги подобрите и другите аспекти на животот поради што се пожелни за вкупното здравје. И она што веројатно многумина го знаат, чајот од камилица е вистински спас за добриот сон.
Доколку пред спиење сакате да се читате, тогаш читајте печатени книги, никако електронски.И не само тоа, туку недостатокот на сон се повеќе е поврзан со несреќите на работа и улица и со појавата на хронични болести како што се високиот п



