По раскинувањето се упатил на пат околу светот со непозната девојка, еве како завршило се!

Канаѓанецот Јорадан Аксани во почетокот на октомври стана ѕвезда на интернет откако понуди бесплатен пат околу светот за девојка која го носи името исто како и неговата поранешна- Елизабет Галагер. Да потсетиме, откако неговата девојка, Елизабет Галагер, го оставила на Акасани му станале две карти за пат околу светот. Кога авиокомпанијата не му дозволила да ги смени картите, дал оглас во кој бара девојка која го носи истото име за картите да не пропаднат.Неговата идна сопатничака требало да земе пари, пасош и да се појави на 21. декември на аеродромот во Њујорк по што следело 18-дневно патување (Италија, Чешка, Виена, Франција, Тајланд, Хонг Конг, Иднија). Јордан не барал ништо за возрат, не му пречело ни доколку девојката одлучи да се забавува и без него, но нема да ги плаќа нејзините трошоци туку само ќе и подари картата и ќе ја почести пијалок пред заминување.
По некое време успеал да пронајде Елизабет која ќе оди на пат со него. Се работи за 23-годишната Елизабет Квин Галагер која ја прифатила неговата понуда иако тоа можело да ја загрози најзината долгогодишна врска. Кога слушнал за таа ситуација Јордан најавил дека нивниот однос ќе биде строго платонски, а се чини и дека го исполнил тоа ветување.

Јордан и Елизабет Квин се вратиле од патувањето, а и покрај тоа што оваа приказна на многумина им била многу романтична- не се родила љубов помеѓу нив двајца. 28- годишниот Јордан рекол дека тој и Елизабет оформиле однос на брат и сестра.
„Ќе бидам многу јасен. Ова не беше романтично патување. Односот беше исклучиво политички. Не ја глдам Елизабет во романтичен свет ни најмалку. Не постои љубовна врска за нас во иднина. Станавме добри пријатели. Ја гледм како помлада сестра и тоа е тоа. Инејзините чувства се исти како моите“, рекол Аксани.

Сепак, тој однос не се оформил преку ноќ, морале да работат на тоа: „Не беше лесно и не беше одеднаш. Ни требаше недела дена за да се разбереме. Требаше да утврдиме некои работи, што смее, а што не смее да се прави на заедничкото патување. Но на крајот сепак успеавме да развиеме искрен однос со шали во кои заедно се гушевме од смеење, но и да знаеме да препознаеме кога на другиот му треба простор“, додал.
И на двајцата од сите места кои ги посетиле најмногу ум се допаднала Прага. „За само два ипол дена запознавме 20-ина луѓе. Тоа се многу различни лични приказни, но и многу силна љубов која ја чувствуваме за Прага“.
Бидејќи приказната беше во медиумите, луѓето ширум светот ги следеле преку Твитер и инстаграм, да дури ги препознавале на улиците во Хонг Конг: „Тоа беше вистинска авантура. Се забавувавме, научивме многу еден за друг и за себе. Сега кога се е готово не можем да замислам дека би можело да ни биде подобро“, заклучува Јорадан.

По враќањето во Торонто овој понеделник Аксани веднаш се фатил за работа со својата добротворна организација A ticket Forward. Ја основал откако неговата приказна стигнала до медиумите за да им помогне на жртвите на насилство, рак и војна. Освен тоа, планира и приказната да ја претвори во филм или серија, иако не открива многу. „Доволно е да се каже дека има многу заинтересирани“.
А за својата љубовна приказна за крај рекол: „Не барам ништо одредено, но животот се случува, ќе видиме. Како и сеогаш, животот е патување“.
 Неговата идна сопатничака требало да земе пари, пасош и да се појави на 21. декември на аеродромот во Њујорк по што следело 18-дневно патување (Ита

Пронајдете не на следниве мрежи: