Ожалостениот маж разговарал преку телефон со жената од своите соништа, кога одеднаш слушнал истрел. Татјана Тања Никитина (34), беше убиена од нејзината свекрва кога преку мобилен со свршеникот Род Хернандез.Мајката на две деца беше убиена од страна на 71-годишната Мери Ненс Хенсон, мајката на нејзиниот поранешен сопруг и тоа само две недели пред венчавката.
Поранешната свекрва ја убила 34-годишната Тања, бидејќи сметала дека таа треба да го има старателството над своите внуци.
-Ми велеше дека ме сака, кога одеднаш слушнав силен истрел. Сѐ уште го слушам звукот во главата. Школото во кое работеше Татјана се наоѓа во моја близина и веднаш влегов во автомобилот. Цело време го држев телефонот вклучен. Викав, врескав, ја повикував. Сѐ уште не можам да поверувам дека ја нема. Таа беше мојот свет. Мери ја украде од мене, вели тажниот Род, кој ја запознал Тања во 2008 година, три години по нејзиниот развод.
Нејзиниот поранешен сопруг Дејл живее со мајка му, а децата секој викенд доаѓале кај нив. Но, дошло до тензии помеѓу нив. Тања почнала да добива заканувачки пораки од поранешната свекрва, која тврдела дека Тања не го заслужила старателството.
-Децата останаа без мајка, а јас ја загубив мојата сакана. Тања беше жена од моите сништа, тажно додава Род.
Мери се изјасни дека е виновна и осудена е на доживотен затвор. Според пресудата, таа мора да помине 15 години зад решетки, пред евентуално барање за пуштање на условна слобода.Мајката на две деца беше убиена од страна на 71-годишната Мери Ненс Хенсон, мајката на нејзиниот поранешен сопруг и тоа само две недели пред венчав



