ОБРНЕТЕ ВНИМАНИЕ: Како потиснувањето на емоциите влијае врз нашиот организам?

Проблемот со потиснувањето на емоциите е што можат да се натрупаат до таа мера, што во еден момент ќе експлодираат, повредувајќи ги другите или вас самите и ќе предизвикаат физички заболувања и депресија.Д-р Андреа Бране, наведува неколку нешта кои би требало дa ги знаете за бесот за да можете да го живеете својот живот во мир, без каење поради своите реакции, односно недостатокот на соодветна реакција во определен момент.
Како деца, родителите веројатно ви велеле да престанете да беснеете или да престанете да плачете и веројатно таквиот модел на однесување го имате задржано и денес. Тоа ве научило дека таквите емоции би требало да ги избегнувате.
1. Потиснатиот бес е како вулкан
Проблемот со потиснатите емоции е тоа што можат да се натрупаат во голема мера, што при нивната екплозија можете да ги повредите другите, но и самите себе.
2. Бесот се обидува да ви обрне внимание на нешто
Вашиот мозок преку бесот сака да ви обрне внимание на некој поголем проблем. Доколку ја игнорирате емоцијата, ќе го игнорирате и проблемот.
3. Телото ви сигнализира кога сте бесни
Бесот често се јавува нагло што ниту самите не сте во состојба да препознаете дека сте бесни пред својата реакција. Дури тогаш кога ќе научите што му прави бесот на вашето тело, на пример ви гори лицето или чувствувате главоболка – ќе научите и да ја одложите својата реакција.

4. Можете да ги контролирате реакциите
Импулсивноста е избор. Кога ќе почувствувате дека бесот ја презема контролата, секогаш можете да ја одложите својата реакција, давајќи си себеси доволно време повторно добро да ја согледате ситуацијата.
5. Вашето детство сѐ уште ве повредува
Можеби родителите грубо ве критикувале кога сте биле мали, ве нарекле глупави или мрзеливи, или пак ве исмевал некој врсник. Таквите случки оставаат последици во вид на страв од критики и понижување. Поради тоа, кога ќе се најдете во ситуација да бидете критикувани или можеби некој сака само да се пошегува со вас, вашата реакција е излив на бес. Размислете добро колку навистина тоа има врска со тие луѓе, а колку со оние кои ве повредиле кога не сте знаеле како да се носите со тоа.
6. Изливите на бес ги уништуваат врските
Кога во бес се обидувате да разговарате со својот партнер, верувајте дека ништо нема да постигнете. Вие се натпреварувате, не слушате што има да каже другата страна, размислувате само на кој начин ќе ја добиете битката, но на крај и двајцата сте губитници. Ваквиот начин на комуникација може да доведе до тоа да „газите на стакло“ околу својот партнер, или пак тој да го прави истото од страв да не започнете нова кавга.
7. Бидете свесни зошто и како реагирате
Бесот со кој се носите на нездрав начин, ќе ве спречи вас и вашите сакани да го добиете тоа што го сакате во животот. Кога ќе станете свесни зошто и како реагирате во некоја ситуација, ќе го пронајдете вистинскиот начин да се справите со негативните емоции.
Првата работа која што ќе мора да ја направите е да ги пронајдете проблемите и да ја преземете одговорноста. Бидете искрени кон себе и добро размислете што бесот има направено со вашите односи со другите. Потоа, лесно ќе можете да започнете процес на учење, на кој начин ќе пристапите и како ќе се носите со своите чувства. Кога ќе решите да го смените начинот на кој размислувате и реагирате, дури тогаш може да се рече дека сте ја преземале контролата врз својот живот. Научете да простите и да продолжите со животот.Д-р Андреа Бране, наведува неколку нешта кои би требало дa ги знаете за бесот за да можете да го живеете својот живот во мир, без каење поради свои

Пронајдете не на следниве мрежи: