Наместо дебелото црево, на Зијад Турсуновиќ во болницата во Брчко неодамна му беше оперирана здрава рака! Toj отишол во болница заради операција на фистула во перијалниот регион, како што и било наведено во дијагнозата.„Ми беше јасно дека тоа не е делот од телото со кој имам проблем, но верував дека знаат што прават, бидејќи ја имаат во увид мојата медицинска документација. За момент си помислив дека медицината напреднала до тој степен, што ќе ја изведат операцијата преку сечење на мојата рака“, раскажал Зијад Турсуновиќ.
Зијад Турсуновиќ (54), си заминал од болницата со оперирана рака и вграден венскоартериски шант.
Проблемите на Зијад почнале кога случајно изел парче од чепкалка за заби. На тоа не му придавал големо значење, но дошло до оштетување на дебелото црево и трпел огромни болки, па побарал лекарска помош.
Отишол во болницата и ја предал медицинската документација, а таму му било кажано дека е потребно да се соберат доволен број пациенти за да може од Бјелина да дојде доктор.
„Деновите поминуваа, а никој не ми се јавуваше. Појдов да ургирам, носев и подароци. На крајот ме повикаа и ме известија за терминот за операција“, продолжил Зијад и додал дека се јавил во закажаниот термин.
„Ме одведоа во салата. Прашав дали треба да гја соблечам облеката, а тие ми рекоа дека тоа не е потребно и веднаш потоа ми ја оперираа раката. Ми беше јасно дека тоа не е делот од телото со кој имам проблем, но верував дека знаат што прават“, рече Зијад, кој по операцијата веднаш бил пуштен дома.
Болките не престанувале, па после седум дена Зијад отишол на контрола во болницата. Со оглед дека таму имало голема гужва, тој се упатил во приватната ординација каде бил и претходно. Одговорните се шокирале кога виделе што му се случило на Зијад.
„Функцијата на левата рака ми е значително намалена, а ќе ми останат и лузни. Сега ме очекуваат две операции: на дебелото црево и на раката“, рекол Зијад, кој додаде дека добро поминал и се пошегувал што би било ако му изваделе бубрег или му ја отсекле раката.
Зијад најави дека ќе ги тужи одговорните.„Ми беше јасно дека тоа не е делот од телото со кој имам проблем, но верував дека знаат што прават, бидејќи ја имаат во увид мојата медицинск


