Животот ќе ви се смени ОД КОРЕН, ако ги правите овие работи пред спиење!

Дали некогаш ви се случило да си легнете во кревет преплавени со негативни мисли и чувства, како одеднаш сите ваши проблеми да се договориле да се појават во вашата свест во ист момент? Ако сте доживеале вакво искуство, тогаш ова е вистинскиот текст за вас!Иако добриот и квалитетен сон би требало да се наоѓа на врвот од листата на нашите приоритети, нашиот мозок некако секогаш успева да пронајде начин тоа да стане невозможна мисија, а бескрајните анализи и негативноста можат да доведат до несоница и постојан психички и физички замор. Сепак, експертите се сложуваат со тоа дека на добриот сон влијаат работите кои си ги кажуваме самите на себе пред да заспиеме.
Овие работи би требало да ги повторувате секоја вечер пред спиење:
Благодарна/ен сум поради…
Практикувањето на благодарноста го зголемува нивото на среќата, влијае позитивно на имунолошкиот систем и ги зајакнува односите со луѓето, а исто така може да ви помогне да постигнете поквалитетен и подобар сон. Затоа, секоја вечер пред да си легнете во кревет, присетете се на сето она на што сте благодарни (или запишете го тоа).
Дозволувам работите да се одвиваат природно
Ја знаете ли онаа изрека: „Никогаш не си легнувајте лути во кревет?“ Истражувањата покажале дека негативните емоции кои со себе го носиме во кревет, го одземаат квалитетниот сон. Тоа не значи дека нужно морате да го решите секој проблем пред спиење – некогаш е подобро да се преспие и да се реши со „ладна“ глава, но, секако би требало да се ослободите од анксиозноста и притисокот пред да потонете во сон и да постигнете мир со помош на некоја ментална техника.

Јас сум силен/на
Или пак – добар/ра, храбар/ра, или било кој друг квалитет. Поентата е во тоа да се фокусирате на своите достигнувања, силата и позитивните карактеристики. Прифаќањето на самите себе е клуч за среќен живот, а тоа ретко кој го практикува.
Што можам да сторам за да ја подобрам ситуацијата?
Било да имате некаков проблем или се наоѓате во тежок период во животот, поставувањето на конкретно прашање пред да тргнете на спиење, може да ви биде од голема помош. Авторот Стивен Котлер, вели дека решението на одреден проблем лежи токму во луцидните сништа, во потсвеста. Во еден момент, може да одеднаш јасно да го видиме решението за некоја проблематична ситуација.
Ќе пронајдам мир
Доколку во креветот се превртувате веќе извесно време и не можете да заспиете, можеби може да ви помогне оваа фраза која често ќе ја повторувате. Дипак Чопра ја истакнува важноста на повторувањето на оваа мантра во себе. Доколку повторно за момент го загубите фокусот и почнете да размислувате негативно, вратете се полека на оваа мантра и повторувајте ја повеќе пати.Иако добриот и квалитетен сон би требало да се наоѓа на врвот од листата на нашите приоритети, нашиот мозок некако секогаш успева да пронајде начин

Пронајдете не на следниве мрежи: