Родила бебе ЕДЕН ЧАС откако дознала дека е бремена!

Кетрин Кропас навистина е доказ дека чуда се случуваат. Имено, таа на 6 јануари се разбудила со силни болки во стомакот. Тоа требало да биде обичен ден за оваа 23-годишна девојка, но тој ден ја чекало големо изненадување, пренесува USA Today.Кетрин отишла во болница и се пожалила дека има болки во стомакот, но таму дознала дека е бремена и за помалку од еден час родила ќеркичка тешка 5 килограми, а долга 58 см.
– Почувствував силни болки во стомакот. Инаку, јас сум толерантна на болка, но на скалата помеѓу 1 и 10, болката беше чиста деветка, изјави Кетрин.
 
Во болницата Саут Шор, во Саут Вејмаунт во Масачусетс, таа направила неколку анализи за да ја открила причината за болките во стомакот. И нејзиниот дечко бил со неа.
Кетрин мислела дека е во петтата недела од бременоста, но изненадувањето следело кога ѝ пукнал водењакот.
За помалку од еден час, откако со тест ѝ беше потврдена бременоста, Кетрин се породила со царски рез и ја родила ќеркичката Елен Оливиа Киф.
– Премногу сме среќни, рекла Кетрин, додавајќи дека сега ѝ е важно само здравјето на бебето.
Откако ќе излезе од болница, ќе следи венчавка со нејзиното момче, а потоа забава по повод раѓањето на бебето.
Кетрин отишла во болница и се пожалила дека има болки во стомакот, но таму дознала дека е бремена и за помалку од еден час родила ќеркичка тешка 5

Пронајдете не на следниве мрежи: