МИСТЕРИОЗНА БОЛЕСТ го зафати цело село: Сите спијат и никој…

Мистериозно пореметување меѓу жителите на селото Калачи, ги збунува докторите и научниците во Казахстан со месеци.Будењето од сон трае од два до пет дена и е пропратено со необјасниво губење на памтењето, јави „Раша тудеј“.
Марина Фелк (50) е млекарка од Калачи и раскажува што ѝ се случило.
– Едно утро, како и обично молзев крави и одеднаш заспав. Не се сеќавам на ништо, освен дека се разбудив во болница, и медицинската сестра ми се насмевна и ми рече: Добре дојде назад заспана убавице! Конечно се разбуди. Не се сеќавам на ништо. Спиев два дена и две ноќи. Жените со мене во соба раскажуваа дела неколку пати сум се будела и сум говорела во сон, раскажува Фелк.
Слично искуство имал и Алексеј Гом (30) кој во Калачи, одалечен 400 километри од главниот град на Казахстан Астена, дошол да ја посети својата баба.
– Со сопругата дојдовме во посета. Утрото сакав да завршам некоја работа, го отворив лаптопот да прочитам и толку се сеќавам. Како некој да притисна копче и ме исклучи. Се разбудив во болница. Лекарите, иако ме испитувале, не нашле ништо. Спиев повеќе од 30 часа. Тоа никогаш не ми се случило, раскажува Алексеј.
Лекарите оваа појава прво ја поврзувале со вотка со лош квалитет која се произведува и конзумира во руралните краеви, но ниту една од жените не пиела алкохол.
Најтешкиот случај бил оваа година кога осум ученици засапале на час и завршиле во болница. Научници од Казахстан и Русија, радиолози, токсиколози го посетиле селото и направиле многу мерења, но засега немаат логично објаснување за „болеста спиење“. Некои теории велат дека проблемот е во рудникот со ураниум кој не работи веќе 20 години.Будењето од сон трае од два до пет дена и е пропратено со необјасниво губење на памтењето, јави „Раша тудеј“.
Марина Фелк (50)

Пронајдете не на следниве мрежи: