Темната страна на пластичната хирургија: Пациентите никогаш не ги запознаваат своите доктори а се будат нагрдени!

Пластичната хирургија е една од глобално најраспространетите гранки на медицината, но никаде не е ни подеднакво безбедна. Пример за тоа е Јужна Кореја, земја во која владее апсолутен хаос кога оваа медицинска гранка е во прашање.Доколку се прошетате, секаде на улиците и низ градот ќе видите реклами како „вратете му го животот на вашето лице“. Се работи за реклами за клиники за пластична хирургија, а се нудат операции на гради, операција на очните капаци, затегнување на кожата и многу други.
Проблем не претставуваат ниту рекламите ниту бројката на операцииите туку нивниот квалитет. Затоа не е редок случај пациентите да се обратат со тужба на суд, но дали тоа ќе им го реши проблемот?

Една од жртвите на пластичната хирургија е Ким Бок- Сан која потрошила повеќе од 30 милиони вони, односно скоро 20.000 долари, за по 15 пластични операции за своето лице да каже:
„Тоа не е човечко лице, повеќе потсеќа на вонземјанин или чудовиште.
Проблем претставува фактот што пластичната хирургија е многу специфична работа па голем број неквалификувани хирурзи, па дури и доктори кои не се специјализирани за таа гранка на медицината а се занимаваат со тоа.
Не е ретка појава ни пациентите да разговараат со еден доктор, а да ги оперира сосема друг. Додека пациентот е под анестезија дкторот кој сте го одбрале ја напушта салата, а операцијата ја врши некоја замена чии квалификации не се во потполност познати. Таа постапка во медиумите ја нарекуваат „доктори духови“.

Исто така честа појава е фотографиите пред и по интервенцијата да ги подобруваат со фотошоп, така да пациентот кога ќе дојде на разговопр никогаш со сигурност не може да ги види резлтатите на работата на докторот кој што го избрал.
Сето тоа сепак не ја намалува бројноста на операциите па така во оваа држава родителите на ќерките им подаруваат „двојна операција за промена на очните капаци“ која за цел има да го ублажи азискиот изглед на овој дел на лицето. Се поставува прашањето зошто? На една од рекламите за пластична хирургија пишува „самодовербата и добриот изглед носat позитивна енергија која е основа за среќа“.

Тими Жан Линзи во 1962 година станала првата жена која вградила силиконски импланти во Хјустон. Од тогаш до денес, операцијата на гради стана една од најпопуларните процедури ширум светот, а пластичната хирургија бележи непрекинат раст.
Секоја година оваа гранка на медицината бележи се поголем број на пациенти и се поголем профит. Во Кореја тоа е случај и затоа што цените се попристапни, и пониски  од европските и американските. Така на пример, корекција на очните капаци во Сеул чини во просек 1.200 евра или 1,7 милиони корејски вони, додека комплетен фејслифтинг изнесува околу 7.000 евра. Уште еден брзо растечки пазар за пластична хирургија е и Кина. Корејското здружение на пластични хирурзи бара поостри закони и силна регулатива во таа област.Доколку се прошетате, секаде на улиците и низ градот ќе видите реклами како „вратете му го животот на вашето лице“. Се работи за реклам

Пронајдете не на следниве мрежи: