Британска новинарка решила да ја подигне свеста за тоа како нафтените гиганти ги уништуваат прашумите на Амазон и ги искористуваат племњата. Го направила тоа на необичен начин.Сара Бегум (26) го напуштила своето родно место Лондон за да помине две недели со племето Хуароани.
И покрај затегнатите односи со странците кои датираат уште од 1950 година кога група американски мисионери биле убиени кога се обиделе да се инфилтрираат во племето, Сара тврди дека ја пречекале со раширени раце.
Набрзо го засакала животот во еквадорските прашуми. Научила да плете трева, да игра ритуелен танц, да лови а потоа се омажила за педесетгодишен војник по име Гинкто.
Со овој чин Сара сакала да испрати порака за немилосрдната експлоатација на племињата од страна на нафтените компании.
„Кога ме избраа не бев сигурна што ќе се случи. Набрзо ме викнаа до главната колиба каде сите беа голи и требаше со нив да плетам здолништа од трева која се носи околу половината. По почетокот не сакав да се соблечам, барем не пред камерите, но крај сепак попуштив. “, раскажала новинарката.
По ритуалот Сара добила од традиционалниот пијалок „чича“ и со тоа ја поминала иницијацијата и станала кралица. Добила ново име „Имака“, но и должност да се омажи за најпопуларниот војник Гинкто.
Бидејќи не ги познавала сите обичаи, Сара била шокирана, но набрзо и објасниле дека од нејзе не се очекуваат сексуални односи, туку дека се работи за симбол на заемна доверба и начин на кој се гради цврст однос помеѓу членовите на племето и дојденците.
„Гинкто е одлична личност. Интересен е, смешен а и многу го интересираше мојот живот во Лондон“, објснила Сара во својот документарец.
Иако делува бизарно, Сара сепак не е првата Британка со која Гинкто се оженил. Пред две години на нејзино место била Карен Мориз-Ланз која исто така снимила документарец за племето Хуароани.
Оваа необична и прилично интересни искуства, Сара ги обединила во документарец под името „Душата на Амазон“ а кој минатата година премиерно бил прикажан во Кан.
На почетокот на филмот направила и мал вовед за тоа како решила да го промени својот живот и да се впушти во авантура.
„2010 година навистина ми го промени животот. Дадов отказ на работа, ја искористив заштедата, одбрав и организирав група сниматели. Малку истражував и тргнав“, објаснила Сара.
Оваа необична новинарка вели дека и денес одржава контакт со своите пријатели од Амазон, главнопреки меилови, но и преки Фејсбук во ретка ситуација кога тие доаѓаат до најблискиот град каде можат да користат интернет.
„Се надевам дека еден ден ќе се вратам таму, би сакала повторно да ги видам“, рекла Сара Бегум.Сара Бегум (26) го напуштила своето родно место Лондон за да помине две недели со племето Хуароани.
И покрај затегнатите односи со странцит



