СЕ ОМАЖИЛА ЗА ШЕИК: „Мојот брак е супер, сѐ е сјајно, само…“

Јелена бин Драи е некогашна мисица од Србија, а денес е успешна бизнисменка во Дубаи, каде што е омажена за тамошниот шеик Саид бин Драи.Во интервјуто за „Блиц“, Јелена раскажала дека нејзиниот маж ѝ е најголема поддршка во животот и дека е сигурна дека таа е единствената жена во неговиот живот, иако според тамошните закони шеикот може да има повеќе жени.
„Среќна сум што го имам. Повеќе од една деценија ме поддржува и ме прави среќна. Тој ја поддржува и мојата хуманитарна работа. Никогаш не ми рекол `не` кога сум му побарала пари. Генерално, такви се Арапите“, изјавила Јелена низ смеа.
Таа скромно зборува за својата хуманитарна работа. Вели дека оној кој што дава, не треба да се фали со тоа; а сѐ што прави, го прави од срце.
„Не правам разлика помеѓу земјите кога станува збор за хуманитарната работа. Моите деца потекнуваат од мешан брак, од православна мајка и од татко муслиман, така што за мене во тој смисол не постои никаква граница што се однесува на верата, религијата, културата, бојата на кожата и националноста“, вели Јелена која има план во иднина уше повеќе да им помага на оние на кои им е потребна помош.
Инаку, Јелена пред 13 години се преселила во Дубаи каде што се вљубила во Саид бин Драи, синот на некогашниот министер за протокол. Тие имаат три деца, ќерката Асја и синовите Хамдан и Хилал.
Но, таа ја откри единствената работа која ѝ недостасува.
„Во Србија се моите корени, мојата крв. Но, мојот дом е тука, каде што се сопругот и децата. За жал, не го посетувам родниот Жабаљ толку често. Многу е напорно да се патува со три деца, па затоа моите родители и најблиските доаѓаат во Дубаи два-три пати годишно. Мојот брат и неговата сопруга исто така живеат во Емиратите“, изјавила Јелена.Во интервјуто за „Блиц“, Јелена раскажала дека нејзиниот маж ѝ е најголема поддршка во животот и дека е сигурна дека таа е единствената

Пронајдете не на следниве мрежи: