Ширум светот илјадници луѓе тврдат дека доживеале исклучителни работи во моментите на клиничка смрт. Луѓето кои се скептични во врска со тој феномен и верниците имаат различни објаснувања во врска со тоа доживување. Сабина Мене раскажува што и се случило за време на клиничката смрт. Таа раскажува дека нејзиниот дух го однела прејака сила на некое место, каде просторот и времето не играат никаква улога. Прво го гледала своето тело, докторите и медицинските сестри а потоа ја видела светлоста.
Во септември 1995 година, во тоа време 38-годишната жена, дошла во болница. Речиси половина година пред тоа се разболела од грип, од тоа не можела да си дојде при себе. Покрај сите напори и труд, лекарите не можеле да дадат никаква прогноза. А мајката на три деца имала неподносливи болки.
„Во тоа време веќе се простив од животот. Мислев дека таа болест носи смрт со себе“.
А при еден преглед на 14-септемвти се случила клиничка смрт односно „Била ослободена од своето тело. Нејзините болки одеднаш се повлекле и таа чувствувала апсолутна љубов и слобода, дури и нешто нежно, возвишено“. Во истиот момент се одвивал еден вид животен филм.
На неа тоа искуство и се чинело како реалност. Интензивното искуство со блиската смрт било незамисливо убаво. А тоа многу и помогнало да помине низ тешкото време што и следело, кога лекарите и пронашле рак на лимфните жлезди и кога морала да минува низ терапија и трансплантација на коскена срж.
„ Од друга стана имав неверојатен копнеж повторно да се вратам таму“- вели таа.
„Четири години мислев дека сум полудела“- додава.
Но, ова не е единствената ваква изјава. Научниците се уште бараат докази за да го објаснат овој феномен.
Многумина од луѓето веруваат во ваквите искуства.
Во што верувате вие?Сабина Мене раскажува што и се случило за време на клиничката смрт. Таа раскажува дека нејзиниот дух го однела прејака сила на некое место, каде пр



