Најголемите заблуди за здравата исхрана

Доколку се трудите  да се храните  здраво, но килограмите едноставно не се топат како што очекувавте, можеби за тоа се виновни заблудите во кои верувате. Митовите за диеталната исхрана се чести и понекогаш сме потполно убедени дека се вистинити. Ви откриваме во кои заблуди треба да престанете да верувате.Треба да јадете само кога сте гладни – Треба да јадете обилен појадок и четири помали оброка. Редовните оброци се гаранција за правилната работа на метаболизмот.  Покрај тоа не ги прескокнувајте  оброците и не чекајте да огладнете за да јадете, бидејќи во тој случај постои поголема шанса од прејадување.

Најважно е да јадете во помали количини – Потполно е погрешно верувањето дека сета храна е здрава доколку ја јадете во помали количини. Секогаш е подобро да јадете помала количина овошје  или зеленчук отколку помала количина брза храна.
Диетата без протеини обезбедува витка линија- За да бидете здрави  и да слабеете здраво важно е да јадете од сите видови намирници. Исхраната без протеини можеби ќе ви помогне да ослабете побрзо, но ќе направи да се чуствувате без енергија.
Здравата исхрана е скапа – Вложувањето во здравјето никогаш не е скапо. Но здравата исхрана не чини многу. Добрата организација и малите промени во начинот  на кој ја подготвувате храната можат да ви бидат од голема корист.
Диетата го отстранува целулитот – Здравата исхрана ќе ви помогне да го спречите настанувањето на нови наслаги на целулит, но нема да го избрише изгледот на кора од портокал кој го имате на нозете. Најдобро е здравата исхрана да ја комбинирате со фитнес и масажи.Треба да јадете само кога сте гладни – Треба да јадете обилен појадок и четири помали оброка. Редовните оброци се гаранција

Пронајдете не на следниве мрежи: