Рентгенската снимка покажала дека во телото на еден човек се наоѓаат полураспаднати делови од долг црв.Распаднатиот црв четири години се наоѓал во зглобот на еден Суданец кој се доселил во Австралија. 38-годишниот имигрант од Судан кој живее во Мелбурн, не бил свесен дека во неговото тело имал паразит кој јаде месо, пишува Daily Mail.
Остатоците од долгиот „Гвинеја црв“ биле откриени со помош на рентген во болницата Сент Винсент во Сиднеј. Мажот, кој пристигнал во Австралија пред четири години, се обратил за помош кај лекарот, жалејќи се на отечена и болна нога.
Д-р Џонатан Гарби, објасни дека рентгенот покажал два дела од склопчениот црв. Тој додаде дека суштеството веројатно умрело и почнало да се распаѓа во телото на пациентот.
Црвите обично живеат во цревата, а влегуваат во телото преку загадена вода. Го јадат месото и излегуваат низ пликовите во кожата.
„Целиот процес може да трае со години. Црвот може да живее во телото или да умре, да се распадне и потоа да предизвика проблеми во подрачјето во кое цело време се наоѓал. Таков е случајот кај нашиот пациент“ – изјави д-р Дарби.
Гвинеја црвот го започнува својот живот со микроскопска големина и може да навлезе во водената болва која сака да се населува по базените и да влегува во устите на пливачите. Така, водената болва успева да дојде до желудникот каде што желудочната киселина подоцна ја уништува, но Гвинеја црвот преживува и почнува да расте.
Година дена по инфекцијата, црвот ја достигнува својата големина, односно долг е како тригодишно дете (околу еден метар должина или малку повеќе). Тогаш, човечкото тело на црвот му станува премало и сака да излезе надвор преку кожата. Така, предизвикува појавување на меур кој е пропратен со повишена телесна температура.
Црвот го прави тоа за да го натера човекот да се нурне во вода. Кога човекот би го направил тоа во дадена ситуација, црвот почнува да излегува од меурот, оставајќи зад себе илјадници ларви кои напаѓаат водени болви… и сѐ почнува од почеток.Распаднатиот црв четири години се наоѓал во зглобот на еден Суданец кој се доселил во Австралија. 38-годишниот имигрант од Судан кој живее во Мелбу



