Селото Банчиќи во срцето на источна Херцеговина, недалеку од Љубиње, е познато по многу работи. Стогодишни луѓе, даб кој секогаш е зелен, змии, камен, чист воздух, тутунот… ова се само дел од занимливостите за кои локалните жители можат со часови да зборуваат.Необични појави
Жителите на Банчиќи, селото кое потсетува на приказните од словенската митологија, отсекогаш живееле од стоката и тутунот, а се занимаваат и со ловење на змии, во што се вистински мајстори. Селото е познато и по вечно зелениот даб, а жителите веруваат дека под него спиел Свети Сава и дека токму тоа е главната причина за оваа необична појава.
Најстарите жители на селото се Неѓељко Јањиќ и неговата сопруга Васиљка. Тие не знаат точно колку години имаат. Велат дека биле запишани во матичната книга на родени во 1926 година, но тоа не значи дека тогаш се родиле. Но, во една работа се сигурни: веќе 66 години се во брак.
Миленко Михиќ е уште еден од добро упатените жители кој ја раскажа легендата за зелениот даб.
На местото наречено Зелени дуб, се наоѓа даб чии листови се секогаш зелени. Од колено на колено се пренесува приказната дека под него спиел Свети Сава и дека поради тоа е секогаш зелен. Познатиот даб е зелен и во декември, што е навистина специфична појава.
„Добредојдовте, иако слабо слушам. Не знам за што ќе ви зборувам, но сигурен сум дека овде луѓето живеат долго бидејќи спијат на камења покрај змиите, пијат незовриено млеко. Ова се ситни работи за херцеговачките горштаци“ – се зборовите со кои Неѓељко ги дочекува посетителите.
Успешен брак
Тој го откри и рецептот за успешен брак и долговечноста
„Имаме парче земја за обработување, малку се милувавме со сопругата, а многу работевме. Орај, копај, сеј, жнеј и не ни остануваше време да се караме. Нашите луѓе живеат долго токму поради ова правило. А добрата вода, чистиот воздух, јагнешкото, овчото сирење, каде ќе најдеш подобар рецепт за долг живот од овој? Никогаш немав посетено доктор, а и не ми треба. Ништо не ме боли“ – низ смеа вели Неѓељко.Необични појави
Жителите на Банчиќи, селото кое потсетува на приказните од словенската митологија, отсекогаш живееле од ст



