Седум намирници кои ги бојат забите

Не пости личност која не сака блескава насмевка и бели заби. Но некои намирници потајно ги бојат нашите заби. За да го намалите новното штетно влијание потребно е да ги препознаете и умерено да ги конзумирате, но и по конзумирањето веднаш да ги измиете забите.
Ви ги претставуваме главните седум виновници кои влијаат на бојата на забите.1. Бобинки. Сочното и хранливо овошје богато со витамини, минерали и антиоксиданси има и една не толку добра особина. Обоениот пигмент од бобинките може да се здржи на забите и да остави тенок слој потемна боја.
2. Цвекло. Сетете се само како оваа намирница може да и се закани на облеката или пак на рацете додека го чистите. Замислете тогаш што може да им стори на вашите заби. Откако ќе јадете цвекло, веднаш измијте ги забите за да ги избегнете несаканите послдеици.
3. Крекери. Кој би помислил дека крекерите можат да бидат меѓу топ виновниците кои ги бојат забите. Многу крекери се направени од рафинирани јаглехидрати, кои се претвараат во шеќер и така стануваат извор на храна за бактерии кои ги бојат забите.
4. Балзамираниот оцет. Пигментиран течен зачин, полн со киселина кој со задоволство го додаваме во јадења и салати, е лоша вест за белината на забите. Но за жал тој е уште еден виновник кој ја уништува белината на забите. За да го намалите неговото влијание обидете се да ја намалите неговата конзумација.
5. Кисели краставички. Киселината од краставичките може да предизвика промена на бојата на забите.
6.Кафе и чај. Љубителите на кафе и чај, поготово доколку претеруваат или уживаат во овие омилени напитоци би можеле да завршат со жолти заби.
7. Сос од домати. Доматите со својата киселина, но и интензивната боја можат да предизвикаат темнеење и ерзија на забите.1. Бобинки. Сочното и хранливо овошје богато со витамини, минерали и антиоксиданси има и една не толку добра особина. Обоениот пиг

Пронајдете не на следниве мрежи: