Исповед: Бев во геј тројка и правев оргии секоја вечер!

Кевин Торнтон бил во геј, отворена, меѓурасна тројка. Со денови. Тоа била неговата врска, а ова е неговата исповед.„Никогаш не сум имал среќа во љубовта. Бев боем и музичар кој многу патува а така е скоро невозможно да се најде постојана врска. Кога наидов на пар во долга врска кој сакаше да им се придружам – прифатив.
Карлос го запознав кога ми пријде и ми рече дека имам преубави очи. Веднаш ми се допадна, но потоа пријде Стивен, неговиот партнер. Сепак, мојата тага се претвори во возбудување бидејќи заминавме заедно дома таа ноќ, како и таа потоа.. наскоро ме претставуваа како нивно момче а јас се трудев да ги елиминирам емоциите од целата приказна, прашувајќи се дали тоа е воопшто можно кога е во прашање човечкото срце.

Најчесто ме прашуваат две работи, прво дали спиевме во ист кревет, а потоа и кого сакам повеќе. Да спиевме во ист кревет и да, сексот нема да биде повеќе ист. Беше премногу добро да се прават оргии секоја вечер за сексот со една личност да ми делува прекрасно. Прашањето кого повеќе сакам го избегнував. Никогаш не сакав да одлучам. Сепак после година дена од таа врска знам – Карлос го сакав повеќе. Стивен го почувствува тоа и ја прекинавме врската, тие двајца останаа пар. Не поради тоа што беше хомосексуална или полигамна туку едноставно љубовта не успева секогаш“, раскажал овој уметник за Хафингтон пост.„Никогаш не сум имал среќа во љубовта. Бев боем и музичар кој многу патува а така е скоро невозможно да се најде постојана врска. Кога наидов

Пронајдете не на следниве мрежи: