Родителите на Џојс Вартон, Хју и Хезел Армстронг, настрадале во текот на трагичниот лет на авионот од Портленд далечната 1959 година. Требаше повеќе од десет години да се пронајдат остатоците од нивниот авион со четири седишта после падот, пренесув people.com.„После несреќата, пронајден е само новчаникот на мојот татко и неколку копчиња“, вели Џојс.
Меѓутоа 1997 година еден човек пронашол нешто повеќе од неколку копчиња. Имено, пешачејќи низ тоа подрачје човек по име Ник Бучан во коренот на дрвото Кедар пронашол еден прстен. Познавајќи ја историјата на настаните, во старт претпоставил дека прстенот припаѓа на парот кој загинал во несреќата во 1959 година.
„Никогаш не ни помислив дека прстенот треба да ми припадне мене“ вели за Q13 Ник кој го увал прстенот 20 години.
„Цело време се надевав дека постои ќерка или некој роднина на кој би можел да му го дадам“.
Неговиот близок роднина решил малку да истражи па така дошол до госпоѓа Џојс Вартон. Ја контактирал преку телефон на 30-ти ноември оваа година.
Ѝ рекол – „вас ве барав“, се присетува г-ѓа Вартон. Потоа рекол:
„Џојс го прнајдов венчалниот прстен кој и припаѓал на вашата мајка, па сакав да ви го вратам“.
Прстенот и го испратил преку пошта.
„Последен пат кога го видов овој прстен беше на рацете на мојата мајка пред 55 години“, вели Џојс.
Целиот овој настан, Џојс го нарекла свое „Божиќно чудо“.
„После несреќата, пронајден е само новчаникот на мојот татко и неколку копчиња“, вели Џојс.
Меѓутоа 1997 година еден човек прон



