Ако сте личност која јаде леб со секој оброк, треба да знаете дека тој воопшто не е добар за вашето здравје! А еве и зошто…Без разлика дали се работи за сендвичи, пециво или обичен бел леб излегуваат се повеќе докази колку оваа намирница во денешно време е штетна за нашиот организам.
Тој нема воопшто здрави состојки
За разлика од другите намирници белиот леб нема воопшто хранливи материи. Не содржи влакна бидејќи во него не се наоѓаат цели семки и сите калории доаѓаат од простите јаглени хидрати со кои телото нема што друго да прави и ги претвара во масти.
Содржи премногу соли
Многу од врстите на лебови од бело брашно особено оние кои ги купувате во продавниците содржат голема количина на соли. Зголемените количини на овој минерал се лоши за целиот организам а особено допринесуваат и зголемување на крвниот притисок.
Дебелее
Ако јадете многу леб, поради силните количини на простите јаглени хидрати , соли и рафиниран шеќер и конзерванси, килата ќе почнат да се зголемуваат како луди. Умереноста е доста важна кај лебот, најдобро е потполно да го избегнувате или да одбирате само квалитетен леб.
Не претставува избалансиран оброк
Бидејќи на лебот му недостигаат минерали и витамини, тој и покрај сите силни калории кои ги носи со себе нема воопшто да ве засити, што значи дека покрај него морате да јадете уште нешто. Зошто тогаш воопшто да го конзумирате?
Ако сакате здрав леб, барајте го оној со цели семки и од квалитетно брашно, никако не конзумирајте бел леб!Без разлика дали се работи за сендвичи, пециво или обичен бел леб излегуваат се повеќе докази колку оваа намирница во денешно време е штетна за наш



