Писмо до маќеата на мојата ќерка: Не сакав да те гледам во нејзина близина, но ти благодирам

Кендис Кери, која се развела од сопругот, мопрала да се соочи со неговата нова сопруга. Мислела дека жената која ќе учествува во одгледувањето на нејзината ќерка ќе биде антипатична и лоша, но погрешила. Во ова писмо ја изразила својата почит кaј неа.
Не те сакав во нејзина близина. Ти едноставно не беше дел од планот. Додека растев и сонував за свое семејство, ти никогаш не беше дел од сонот. Планот беше семејстовото да го сочинувам јас, таткото на моите деца и децата, а не ти.
Се сомневам дека ти некогаш си сакала да ме имаш мене во својот живот. Се сомневам дека си планирала да бидеш мајка на дете кое не си го родила. Можам да се кладам дека твојот план бил сличен на мојот и дека во него не бевме јас и мојата ќерка. Сигурно си мислела дека ќе станеш мајка оној ден кога ќе родиш дете, а не кога ќе се омажиш за мојот сопруг.
Но божјите планови не се секогаш исти како нашите. Кога моето семејство се подели и кога настанаа две семејства, знаев дека доаѓаш.
Мислев дека си ѕвер и дека мојата ќерка нема да сака да те прифати како мајка. Се надевав дека не си толку привлечна и се молев мојата ќерка да не се огледа на тебе. Нејзиниот татко планирал да се скраси по втор пат. Не сакав да се соочам со фактот дека друга жена ќе биде мајка на моето дете додека сум отсутна.
А потоа се појави ти
Не беше онаква каква што те замислував. Требаше да изгледаш грозно. Но не беше така- беше прекрасна. Требаше да бидеш стара и грда. Но ти беше слатка и млада жена.
Ги осуети моите планови. Нека е проклета твојата насмевка! Мислев дека многу ќе те мразам! Зошто и ги уништи плановите?
Набрзо ти станав многу благодарна.
Ти ја прифати нашата ќерка од самиот почеток и безусловно ги сакаше двајцатаљ, и нејзе и нејзиниот татко, а тоа е најдобар подарок за мене. Ја вклучи нашата ќерка во се што правиш и таа покрај тебе се чувствуваше сакано и прифатено. Нејзиниот однос со татко и го стави над вашиот однос, а само храбра и смела жена знае како да го направи тоа со стил.

Кога јас и нејзиниот татко се раведовме, знаев дека ќе има моменти во нејзиниот живот кога нема да бидам покрај неа. Благодарна сум ти што си во моето одсуство. Благодарна сум ти што ги разбираш нејзините тинејџерски години и се трудиш да и удоволиш. Нејзе и е потребна мајкаи во таа куќа, а ти тоа го умееш.
Ја пшочитуваше мојата позиција на мајка од самиот почеток. Го почитувам тоа што се консултираш со мене кога ќе те праша за некој совет. Знам дека нашата ситуација е ретка. Не се случува толку често мајката и маќеата една на друга да си парќаат пораки. Ти си дар од Бога.
Нашата ќерка ќе израсне со повеќе љубов отколку што некогаш можев да замислам. Таа не одлучи родителите да и се разведат, но иако тоа не би му го посакала на ниту едно дете, благодарна сум што таа сега има 4 родители кои ја сакаат и ја почитуваат, а кои меѓусебно се сакаат и почитуваат. Поради тоа таа е сочуствителна и разбира дека неуспехот во една област често значи успех во друга.

Таа секогаш восхитено те бара и ти ги раскажува своите приказни кога ќе дојде кај мене, а мене срцето во тие моменти ми прескокнува од среќа. И секој пат уживам во твојата топла пријателска прегратка кога ќе се видиме.
Знам како изгледа кога мајката нема да ја прифати маќејата. Јас сум повеќе од благодарна затоа што ти си навистина добра особа за мојата ќерка. Ти благодарам што си си доволно зрела, што ме почитуваш и го одгледуваш детето заедно со мене.
Ти ветувам дека секогаш ќе го почитувам твоето влијание на нашата ќерка. Ти ветувам дека никогаш нема да ја намалам твојата важност во нејзиниот живот и никогаш нема да ти кажам дека ти не си нејзина мајка. Ти ветувам дека ќе ја одгледам учејќи ја дека во својот живот има две храбри жени кои имаат храброст да и бидат мајки. И се молам дека таа никогаш нема да дојсе во нашата ситуација – дури и доколку е волку мирна.
Драгоцена жено, ти си ретка и преубава скапоценост. Бог да те благослови.
Не те сакав во нејзина близина. Ти едноставно не беше дел од планот. Додека растев и сонував за свое семејство, ти никога

Пронајдете не на следниве мрежи: