Алиша Хернандез од Колорадо отишла на породување очекувајќи дека ќе роди девојче тешко околу 3 килограми, а потоа… Откако се породила дознала дека нејзиното бебе има неверојатни шест килограми. Ќеркичката го добила името Миа Гарсија и на свет дошла со царски рез.
Таткото на Миа, Франциско Гарсија рекол: „Сите се шокирани што гледаат толкаво бебе. Дури и бабицата беше шокирана. Велеше :’Дојди ваму, дојди’. Отидов и прашав што се случува. Таа ми рече: ‘Погледни го ова’, а јас погледнав и видов дека бебето има 6 килограми“.
Тој открил дека сите негови деца биле родени со нормална тежина и дека Миа тежела повеќе и од близнаците заедно кога ги добиле.
Тие не планираат да имаат повеќе деца, а заедно со Миа имаат 5 ќерки, па се надевале дека ќе добијат момче.
Најголемото бебе на светот било родено во Канада во 1879 година. Ана Бејтс тогаш родила момче кое тежело 10 килограми и починало 11 часа по раѓањето.Откако се породила дознала дека нејзиното бебе има неверојатни шест килограми. Ќеркичката го добила името Миа Гарсија и на свет дошла со царс



