Овој маж цели 50 години нема носено чевли!

Со наближувањето на зимата, повеќето луѓе копнеат по топли обувки и дебели чорапи. Сепак, Британецот Пит Мекензи, кој веќе цели 50 години оди бос, не се сложува со тоа мислење, пишува „Дејли експрес“.69-годишниот пензионер од Моузли, предградие на Бирмингем, до толку одбива да носи чевли што вели има намера да го прави тоа до крајот на животот. Поради оваа необична навика, тој го заработи прекарот „Пит Ногата“.
– Не ми се допаѓаат чевлите, едноставно не се за мене. Воопшто ми е тешко да издржам да носам нешто на нозете. Дури на свадба бев бос, иако се оженив во црква. Жена ми ме има видено еднаш или двапати со чевли, но ќерка ми и моите три внучиња ниту еднаш. Нема и да ме видат, зашто нема да носам обувки до крајот на животот, вели Пит.
Британецот решил да престане да носи чевли уште во 60-тите години од минатиот век. Мекензи вели дека уште од мали нозе стекнал навика да оди бос и всушност никогаш не му се допаднало да носи чевли. 
– Еднаш кога имав 16 години, ги собув чевлите и чорапите и ги фрлив од мостот, додава тој.
И покрај фактот што луѓето носат чевли веќе илјадници години, пензионерот тврди дека неговиот живот е многу поудобен без нив. Мекензи се колне дека за половина век никогаш не страдал од студенило во нозете, дури и кога температурите биле под нулата. 
Неговата чудна навика има и свои негативни страни: „Многумина мислат дека сум валкан, но вистината е дека си ги мијам нозете секој ден.“ Тој додава дека во Моузли луѓето често се шетаат босоноги, бидејќи предградието е „хипи“.
Со своите боси нозе Пит Мекензи стана урбана легенда. Тој дури има сопствени чаши во различни пабови, на кои е испишан неговиот прекар. На Мекензи толку му се допаѓа прекарот, што дури и го избрал да му стои како регистарска табличка на неговиот мопед.69-годишниот пензионер од Моузли, предградие на Бирмингем, до толку одбива да носи чевли што вели има намера да го прави тоа до крајот на животот.&

Пронајдете не на следниве мрежи: