Девојката која била присилена да спие со девет мажи дневно додека била сексуална робинка за Sky News открила низ каков хорор поминуваат робовите во денешно време.Девојката е ослободена пред пет години, односно пронајдена во една куќа во западен Лондон. Таа заедно со 10 жени тргнала на патување со брод каде требала да биде негувателка. Завршила во куќа која цели пет години била нејзиниот затвор.
Нејзината приказна како сексуална робинка почнала пред една деценија кога платила 5000 евра за пат од Нигерија до Велика Британија каде и било ветено дека ќе работи како негувателка. Но за жал, завршила во куќа каде била робинка цели пет години. 24/7 била под надзор на чувари, а за сите девојки била задолжена една жена, која робинките ја викале Мама Г.
-Кога ќе дојдеа клиентите, таа не опишуваше. Им даваше податоци за големината на нашите гради и другите делови од телото, колку сме високи, тешки…Тие ќе одберат, а на нас само ќе ни го кажеше бројот на собата во која треба да имаме секс со клиентот, раскажала таа, при тоа додавајќи дека секој пат кога се обиделе да дознаат каков ќе им биде крајот, Мама Г ги тепала и ги жигосувала со жешко железо.
-За пет години колку што бев во таа куќа избегаа само шест жени. Дојдов во оваа земја со надеж за подобар живот. Имам прекрасно семејство, мајка, татко, деца и сопруг. Никогаш не помислив дека ова ќе ме снајде и дека ќе бидам робинка и проститутка. Тоа е мојот најголем срам, признала таа.Девојката е ослободена пред пет години, односно пронајдена во една куќа во западен Лондон. Таа заедно со 10 жени тргнала на патување со брод каде т



