Жените од цела Хрватска ги кажуваат искуствата, а многу од нив доживеале психичко и физичко злоупотребување, биле понижувани и третирани како парче месо, поради што повеќето од нив од страв не се одлучуваат за второ дете.Здружението РОДА( Родители во акција) спроведува16 дена активизам против насилството над жените, а со слоганот „Да го прекинеме молчењето“ ги повикале жените да ги споделат своите лоши искуства од породувањата, како дел од процесот лечење од траума како чин на бунт против традиционалниот вкоренет став дека за лошото искуство не се зборува и дека единствено важно е дека породувањето резултирало со здраво родено дете.
Жените од цела Хрватска ги споделуваат своите искуства, а многу од нив доживеале психичко и физичко злоупотребување, понижување поради што повеќето од нив од страв не се одлулуваат да родат второ дете.
„Толку се навикнати на таквиот вид однесување и не можат да сфатат дека тоа не е прифатливо однесување. Од друга страна жените не подигнуваат обвинение бидејќи тоа е многу тешко. Проблемот е што во Хрватска нема цврст закон кој би можел да ги заштити жените. Исто така семејствата се во тешка финансиска состојба , многумина немаат пари бидејќи многу жени остануваат без работа по породувањето“, рекла Даниела Драниќ, потрпетседател на РОДА.
Копривничко родилиште
Јас имам 17 години и тие мислат дека затоа кон мене можат да се однесуваат како кон ѓубре. Поголемиот дел од времето го поминав сама. Кога почна породувањето, го тргна параванот беше груба и безобразна. Кога реков дека ме боли ми рече: „А додека се е**ше, не те болело“.
Бев ужасно посрамена, не смеев ни да писнам, штом малку ќе викнев веднаш стануваше груба. Кога веќе не можев ми рече дека ќе го убијам детето, тогаш бабицата ми скокна на стомакот и на крај беше готово. За жал ни сестрите на одделот не беа подобри. Буквално му влааа страв во коски.
Петрова болница
Првото породување, по породувањето ми оставиле газа во матката – тупфер со величина на орев… бев успиена кога ме шиеле. По три недели ми се јавија страшни болки, газата гниела во мене и велат добро поминавте сте можеле да добиете сеса….! Секако дека по 2,5 години не го заборавив тоа, се плашам од второ породување.
Осјек
На своето прво и единствено породување во Осјек доживеав од сестрите и докторите таков третман каков што ни животните не заслужуваат. Сестрите ме нарекуваа крава, немајка, глупачка, стока ( бидејќи веројатно требаше да им потпевнувам, а не да викам од болка…)!!! Детето се роди, а тие врескаа дека смрдиме и дека вакви г**на никогаш не виделе! Почекаа да излезе пчостелката и пцуеа и се закануваа да молчам и да трпам, и тие морале да ја трпат мојата смрдеа!
Иако Хрватска има низа квалитетни и добри доктори како и медицински персонал, се уште има премногу кои себеси си дозволуваат на таков крајно нехуман начин да се однесуваат кон жените во моментот додека ги трпат најголемите болки. Покрај катастрофалната економска состојба во државата, поради која многу жени се потешко се одлучуваат на мајчинство, уште и ваквото однесување ги наведуваат жените да размислат дали воопшто да родат, за што сведочат демографските податоци Здружението РОДА( Родители во акција) спроведува16 дена активизам против насилството над жените, а со слоганот „Да го прекинеме молчењето&ldq



