Медицинскиот персонал во болница во јужната кинеска провинција Guangdong останал во шок кога ја зетекнал мајката како ја гриза раката на своето синче старо само еден ден. Тешко повреденото дете, лекарите за среќа, успеле да го спасат.Една од медицинските сестри вработена на одделот за гинекологија доживеала шок кога ја видела 24-годишната Ли Женгуа како му ја гриза раката на своето бебе. На помош ги повикала другите колеги и се обидела на жената да и го одземе детето, но младата мајка се инаетела. Тоа им успеало на лекарите кои на младата родилка и дале седатив за да се смири.
„Беше навистина шокантно. Раката на детето е тешко повредена. Се здоби не само со модрици туку и со крварење кое е последица на гризањето,“ велат од болницата истакнувајќи дека едвај го извлекле детето од рацете на мајката.
Недолго пред породувањето ,24 – годишнта мајка во поодмината фаза на бременост во болница ја донеле од улица.
Се огласи и локалната полиција која изјави дека несреќната 24-годишна Ли родителите ја исфрлиле на улица и покрај тоа што била бремена, откако почнала чудно да се однесуава.
Во текот на истрагата полицијата дошла до сознание дека семејството не известило никој за нивната непромислена постапка, па се претпоставува дека несреќната девојка во бременоста била препуштена сама на себе.
На улица живеела најмалку неколку седмици, а можеби и повеќе пред да биде здогледана и одведена во болница.
Истрагата е се уште во тек, но за сега не е познато што ќе се случи со младата жена и кој ќе преземе грижа за неа. Една од медицинските сестри вработена на одделот за гинекологија доживеала шок кога ја видела 24-годишната Ли Женгуа како му ја гриза раката на сво



