Врховниот суд на Иран ја потврдил одлуката на казнениот суд во Техеран и 30 годишниот Сохеил Арабија го осудил на смртна казна поради фотографија која ја поставил на Фејсбук. Се работи за момент на нежност помеѓу таткото и ќерката кој судот го прогласил за „навреда на пророкот“.Ужасно е некој да биде осуден на смрт само затоа што на интернет поставил нешто што другите го сметаат за навредливо. Иран мора што побрзо да работи на казнените мерки и да ги отфрли наредбите кои изразувањето на слободната волја ја сметаат за злосторство, посебно кога се работи за смртна казна“, рекол Ерик Голдстеин, заменик директор на организацијата Human Rights Watch за Блискиот исток и Северна Африка.
Сохеил и неговата сопруга Настаран ги уапсиле во октомври минатата година. Нмастаран брзо ја пуштиле а Сохеил бил задржан во самица два месеци при што бил и испитуван без присутност на адвокат.
Од минатата година иранските безбедносни служби по строго го контролираат интернетот и остро ги казнуваат корисниците на социјалните мрежи кои објавуваат работи за кои тие сметаат дека се навредливи.Ужасно е некој да биде осуден на смрт само затоа што на интернет поставил нешто што другите го сметаат за навредливо. Иран мора што побрзо да работ



