Припадниците на италијанската полиција беа шокирани кога дознале дека еден маж го открил бруталното убиство врз неговата жена, така што објавил статус на Фејсбук.Козимо Пањани (39) од околината на Наполи, во неделата со нож ја избодел до смрт неговата поранешна сопруга. За ситуацијата да биде уште полоша, тој го објавил своето злосторство на Фејсбук, каде што статусот собрал повеќе од 300 лајкови, пренесе Telegraph.
Неговата сопруга, Марија Д` Антонио (34), починала од убодните рани во стомакот откако била нападната со нож.
Веднаш потоа, Козимо на неговиот Фејсбук профил напишал: „Мртва си ку*во.“
Мотивот за убиството сѝ уште не е познат, но се претпоставува дека се случило по семејна расправија, бидејќи парот секогаш се карале околу старетелството над нивната седумгодишна ќерка.
Скорешни истражувања покажуваат дека бројот на убиства на жени од страна на нивните мажи пораснал за 14% од 2013 година. „Еурес“ објави бројка дека вкупно 179 жени минатата година биле убиени од страна на нивните мажи.
Еве го и објавениот статус:
Козимо Пањани (39) од околината на Наполи, во неделата со нож ја избодел до смрт неговата поранешна сопруга. За ситуацијата да биде уште полоша, то



