ИГРА НА СУДБИНАТА: Близнаци станале татковци на ист ден и во иста болница

Џером и Џарел Спенс знаеле дека нивните партнерки треба да се породат во ист ден, но не верувале дека тоа навистина ќе се случи.Џером (21) и неговата партнерка Тиган Комптон, први станаа родители. Во два часот наутро го добиле синот Камерон со тежина околу 3,6 килограми.
Два и пол часа подоцна, Франческа Еш, девојката на Џарел, го роди Касен со тежина околу 3,2 килограми.
За да биде уште поинтересно, децата ги породила истата бабица.
– Никогаш не сум слушнала дека вакво нешто се случило. Тоа навистина е чудо, рече бабицата, Барбара Капор.
Статистиките покажуваат дека веројатноста вакво нешто да се случи е еден наспрема 150.000.Џером (21) и неговата партнерка Тиган Комптон, први станаа родители. Во два часот наутро го добиле синот Камерон со тежина околу 3,6 килограми.

Пронајдете не на следниве мрежи: