За сите оние кои излегуваат рано наутро! Да не одат никаде без убаво да се подготват! Најпрвин мора да испиете топол напиток, почекајте организамот да се разбуди, па потоа изложете го на ниските температури- советува докторката Нада Мацура. Во текот на ладните денови внесувањето на витамини е попотребно отколку било кога.
„Внесувањето на витамините е од значителна важност! Организмот мора да има силен имунитет за секоја временска промена да може да ја поднесе. Мојот совет е да направите салата, витаминска бомба!“ Едноставно се подготвува а многу е здрава“- кажува докторката Мацура и го открива својот „Таен рецепт“.
Потребно ви е:
Јаболко, портокал, шаргарепа, цвекло, ѓумбир, лимон
Подготовка…
Сите состојки исецкајте ги или изрендајте ги и прелијте ги со лимоновиот сок. По желба можете да додадете и маслиново масло. Редовното конзумирање на витамини ќе го направи посилен вашиот организам.
Покрај витамините и внимателното излегување на студот, адекватното облекување е третото нешто на кое морате да посветите доста внимание!
„Адекватното облекување е спасот за ова ладно време, пблечете се топло и нема да има зима за вас! Памучната облека треба да оди до телото. Водете сметка да ја заштитите главата и ушите бидејќи ветарот е доста опасен особено за оние луѓе кои имаат проблем со воспаление ја ушите“- заклучува Др. Нада Мацура.
Па, останува на вас! Заштитете се убаво, јадете здраво и избегнете ги сите вируси и болести кои ги носи зимата!Во текот на ладните денови внесувањето на витамини е попотребно отколку било кога.
„Внесувањето на витамините е од значителна важност



