ГИ ФРЛАТЕ ЛУШПИТЕ ОД ПОРТОКАЛОТ? – Правите огромна грешка!

Портокалот е на врвот на листата на најомилените овошја на светот. Но покрај вкусот и придобивките од јадењето на плодот, еве за што можете да ја употребите и самата кора.Многу од вас ја фрлаат лушпата од портокалот, но ќе видите дека правите огромна грешка откако ќе прочитате што се може да се направи со неа, откако ќе го изедете плодот.
1. Дамки од вода
Ако ви пречат дамките од вода кои се прават на чешмите едноставно можете да ги отстраните доколку ги исполирате со внатрешноста на кората од портокал.
2. За чистење
Ставете ја кората од портокал во стаклена тегла, прелијте ја со бел оцет, и оставете ја теглата во фрижидер неколку недели, повремено промешувајте. Потоа процедете ја течноста, претурете ја во шишенце со механизам за прскање и користете го средството за чистење под и прозорци.
3. Ослободете се од инсектите
Мравките, молците и комарците не сакаат одредени елементи кои се наоѓаат во лушпата на портокалот. Ќе се ослободите од нив доколку поставите кора од портокал на местата од кои мислите дека инсектите доаѓаат.

4. Освежете ја просторијата
Портокалот има освежувачки мирис кој на секој дом може да му даде фантастичен ароматичен шарм. Исушете ја кората во рерна, смелете ја во блендер и поставете ја во мали платнени верќички. Вреќичките можете да ги закачите во купатилото, на плакарите итн.
5. За отстранување на лошиот мирис на обувките
Кората од портокал ставете ја во платнена торбичка, заврзете ја и преку ноќ ставете ја во чевлите кои немаат баш пријатен мирис. Таа ќе го впие целосно.
6. Пилинг за тело
Наједноставниот пилинг кој можете да го направите. Ставете кора од портокал во газа, заврзете ја и користете ја наместо сунѓер за време на туширањето. Кожата ќе ви стане цврста, светла и мазна.
7. Направете свеќа
Кората од портокал може да ви послужи и како брза декорација за од неа да направите мала свеќичка. Исечете ја половината од кората од портокалот, ставете малку зејтин и запалете го делот од внатрешната страна кој останува кога го вадите плодот. (како на сликата погоре). Уживајте!
 Дали ги фрлате лушпите од јајца? После ова никогаш нема да го направите тоа! Прочитајте ТУКАМногу од вас ја фрлаат лушпата од портокалот, но ќе видите дека правите огромна грешка откако ќе прочитате што се може да се направи со неа, откако

Пронајдете не на следниве мрежи: