Чаевите се богати со антиоксиданси, полифеноли и останати здрави состојки, па затоа се најдобар избор кога ќе посакате да се фрлите на диета. Неколку шолји дневно ќе направат чудо за вашата линија.Зелен чај
Високиот удел на антиоксиданси го прави зелениот чај еден од најздравите напитоци. Освен тоа, зелениот чај содржи и кофеин кој, исто така, го забрзува согорувањето на мастите. Се препорачуваат три до пет шолји дневно, но внимавајте да не испиете повеќе од 12 за да не дојде до труење!
Бел чај
Белиот чај има повеќе катехин и помалку кофеин од зелениот, па е уште еден од идеалните избори за слабеење. Секако, доколку не го намалите внесот на калориите ниту еден чај нема да направи голема разлика, но секако ќе помогне при согоревање на масните наслаги и ќе спречи таложење на нови.
Чај од боровница
Овој чај природно го намалува апетитот и го стабилизира нивото на шеќерот во крвта. Неколку шолји чај од боровница дневно ќе ви помогнат да јадете помалку.
Чај од хибискус
Чајот од хибискус е природен диуретик, го намалува нивото на холестерол и се бори против високиот крвен притисок. Овој чај го спречува таложењето на масните наслаги, но при избор на чаеви внимавајте да ги купувате без дополнителни шеќери.
Нане
Доколку ве мачи надуеност, пијте чај од нане! Тоа ќе ви помогне и при согорување на маснотии, а добар е и за намалување на апетитот.
Чај од ружа
Чајот од ружа е богат со витамини, антиоксиданси и помага при менструални грчеви и слабеење. Го чисти организмот и ги ублажува симптомите на стрес.Зелен чај
Високиот удел на антиоксиданси го прави зелениот чај еден од најздравите напитоци. Освен тоа, зелениот чај содрж



