РОДИТЕЛИТЕ СКРШЕНИ проговорија за смртта на нивна ќеркичка: „Мислевме дека и расте заб…“

Родителите на девојчето кое почина од менингитис, скршени се изјаснија за трагедијата во која смртоносна инфекција ја доведе до смрт нивната миленичка за само неколку дена.Ава Хил (1) од Ковентри во Велика Британија, се смеела и била радосна на прославата на својот прв роденден. Но, трагично, само 16 дена подоцна починала од бактериски менингитис, што беше потврдено и од резултатите од обдукцијата.
Нејзината мајка и татко, Хајли Смит и Вејн Хил (36), велат дека болеста развила рапидно брзо и ги предупредуваат другите родители да обрнат внимание на симптомите.
– Таа најпрво беше многу поспана. Мислевме дека тоа се случува затоа што почнаа да и растат запчиња – изјави 28-годишната мајка.
Но првиот ужас почнал три дена пред смртта на девојчето кога Ава почнала да се однесува поразлично од вообичаено.
Ситуацијата и станувала се полоша и детето добило изненаден напад во дневната соба после што итно била пренесена во универзитетската болница во Ковентри каде тим од 20 доктори се обиделе да и помогнат.
Ништо не успеале да направат и во средата на 12.11 ја прогласиле мртва малечката Ава.
– Сите во болницата го правеа тоа што најдобро го знаат и можат. Но не успеаја да ја реанимираат откако нејзиното срце престана да чука по петти пат – вели мајката, скршена од болка.
– Скршена сум, не можам да верувам што се случи. Нема зборови кои можат да опишат како се чувствуваме – вели Хајли, која најтешките денови ги поминала заедно со вереникот и татко на починатото девојче.

 
– Никој не очекуваше дека 16 дена после првото прославување на нејзиниот роденден ќе мора да подготвуваме закоп на нашето дете. Не посакувам ниту еден родител да помин ува низ ова што го поминавме ние, важно е да ги знаете симптомите – вели мајката.
Локалната заедници ги изненадила кога собрала пари за трошоците околу погребот.
Обрнете внимание на симптомите на менингитис:
– Детето се жали на силна болка во рацете или нозете
– дланките и стапалата на детето се невообичаено ладни и / или кожата на детето станува бледа, а усните изгледаат сини.
Присуството на зголемената телесна температура истовремено со било кој од горе наведените симптоми треба да се сфати сериозно – веднаш повикајте Брза помош!Ава Хил (1) од Ковентри во Велика Британија, се смеела и била радосна на прославата на својот прв роденден. Но, трагично, само 16 дена подоцна почи

Пронајдете не на следниве мрежи: