Лео(13) е една од најмладите личности во Велика Британија која сака да подлегне на хормонска терапија. Роден како Лили, тој се однесува како момче од својата пета година. На 11 години легално го променил името во Лео и се обидува да почне со третманот. Сега е ѕвезда на ВВС документарецот „Јас сум Лео“, кој говори за неговиот пат.Лео Вајдел, кој е роден како Лили, е една од најмладите личности во Велика Британија која сака да подлегне на хормонска терапија која ќе му помегне да развие машко тело.
Лео од Лоустоф од Англија живее и се облекува како момче од својата пета година. На 11 години легално го променил името во Лео и се обидува да почне со третманот. Сега е ѕвезда на ВВС документарецот кој ги следи проблемите со кои се соочува како трансексуално дете.
Со цел да ги еддуцира dецата за трансексуалите луѓе, документарецот бил прикажан на детската програма СББС како дел од „Неделата против насилството“.
Лео прима блокатори на хормони кои го спречуваат да влезе во пубертет, што за него би значело дека ќе гобие гради и ќе почне да прима менструација.
Лео е еден од ретките лица кои почнале да примаат хормонска терапија перд да наполнат 18 години поради полова дисфорија.
Оние кои страдаат од полова дисфорија запаѓаат во длабока депресија бидејќи нивниот биолошки пол не се поклопува со нивните чувства. Луѓето во оваа состојба, која е позната и како пореметување на половиот идентитет, чувствуваат како да се заробени во туѓо тело.
Лео оди на советување, а заедно со мајка му Хејли морал да се бори за да ја прими хормонската терапија, бидејќи е многу млад за неа.
Тој во една емисија изјавил дека „веројатно би се убил“ доколку мора да продолжи да живее како девојче.
Без оглед на ваквата изјава, Лео бил одбиен за третманот, бидејќи се уште не било познато колку е ефиксен доколку започне пред пубертетот, ниту колку се луѓето зрели да донесат ваква одлука пред 18 години.
Хели која има уште три ќерки тврди дека Лео треба да продолжи со третманот бидејќи е сигурна дека нема да се предомисли.
„Многу луѓе го мислат тоа, сметаат дека е млад, но јас знам дека нему му се потребни блокаторите“, рекла Хајли.
Лео прима блокатори за хормоните редовно, но на училиште и понатаму не го прифаќаат како машко, па во документарецот говори за проблемите со кои се соочува.
Покрај него, во филмот се појавува и Стефен Вити, кој бил роден како женско и кој го променил полот пред неколку години. Тој скоро цел живот го поминал борејќи се за правата на трансексуалните личности.Лео Вајдел, кој е роден како Лили, е една од најмладите личности во Велика Британија која сака да подлегне на хормонска терапија која ќе му п



