Солта е незаменлива состојка во било која светска кујна но и одличен сојузник во чистењето. Освен што е доста поволна, солта може на природен начин да ви помогне лесно да исчистите или заштитите некои предмети.Кој готви често сигурно барем еднаш скршил јајце па тоа се разлило по целиот под. Можеби незнаете за тоа но солта може да биде одличен чистач. Ставете сол преку јајцето и оставете 20 минути па потоа полесно ќе го исчистите.
Исто така добар совет е и ова- Ставете во вода јајца и две лажички сол. Свежите јајца ќе потонат а расипаните ќе испливаат.
Ако ви се случи да го изгорите маслото додека готвите солта брзо ќе го изгаси.
Веројатно знаете дека водата е најлош избор за гасење на пламен настанат од масните состојки.
Даската за сечење морате да ја миете со посебно внимание поради бактериите кои можат да останат на неа.
Добро би било и да ставите сол преку вечерта за да излезат наталожените бактерии на површина. На крај ставете лимон и добро измијте ја.
Апаратот за кафе најлесно ќе го исчистите ако во него ставите сол и коцка лед. Малку промешајте и оставете да одстои половина час. Потоа добро измијте со вода.
Солта добро ќе ги исчисти и стакналата на вашиот автомобил. Земете влажна крпа и малку сол па премачкајте ги стаклата за да спречите да се заледат во текот на ноќта. Кој готви често сигурно барем еднаш скршил јајце па тоа се разлило по целиот под. Можеби незнаете за тоа но солта може да биде одличен чистач



