Крли Бејли (33) боледува од фацијална парализа. Оваа состојба предизвикува слабост на фацијалните мускули. Со години се мачела и одела на болни операции. Мислела дека е „премногу грда“ за да пронајде љубов и со години се криела во домот. Сепак ја пронашла љубовта на својот живот и се омажила.Карли Бејли од Шефилд боледува од болест која предизвикува слабост на фацијалните мускули. Бидејќи сметала дека е „премногу грда“, не ја напуштала куќата, освен кога морала.
Но кога собрала храброст го поканила Скот да излезат на пијалок и сега нивната романса е крунисана со брак.
„Мислев дека никогаш нема да можам да се вљубам, престанав да се надевам дека ќе го најдам совршениот за мене. Последните 20 години ги минав криејќи се, имав многу неуспешни операции и се чувствував лошо и осамено. Скот го познавав 8 години,но никогаш немав доволно храброст да му кажам што чувствувам кон него. Се палшев дека ќе ме одбие бидејќи изгледав вака. Ни за момент не помислив дека би можела да му се допаднам. Бев вљубена цело време во него и затоа денот кога се омажив за него беше најсреќниот ден во мојот живот. Тој потполно го промени мојот живот и сега конечно се чувствувам убаво во своја кожа“, раскажува Карли.
Додека одела на училиште, Карли постојано ја задевале поради нејзината состојба што и ја нарушило самодовербата.
Докторите прво мислеле дека боледува од привремена парализа и очекувале таквата состојба да трае шест недели. Но ни по три месеци немало знаци на подобрување.
Откриено е дека боледува од холестеатом, сериозна инфекција на увото. Оваа болест ја нападнала коската во нејзиното уво и така дошло до парализа на лицето. Од тогаш се плашела да излезе на улица.
„Откако ми беше дадена дијагнозата, бев на 16 операции во обид да излечам некои од мускулите, но ниту една операција не ми помогна да ја зајакнам самодовербата. Дури кога разговарав со луѓето од организацијата „Changing Faces“ почнав да се прифаќам себеси. Тоа е она што ми било потребно за да му пријдам на Скот и да му признаам што чувствувам кон него“, вели Карли.
Тие двајца имаат деца од претходни врски. Скот има три деца Харви, Ники и Џош, а Карли две – Меделин и Ештон.Карли Бејли од Шефилд боледува од болест која предизвикува слабост на фацијалните мускули. Бидејќи сметала дека е „премногу грда“, не ј



